Газдата му дал 23.500 евра да ги предаде на колега, а тој исчезнал со парите

January 24, 2023
1 min read

На 23.01.2023 во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје – вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата, информираат од МВР.

Според пријавеното, на 17.01.2023 во Скопје сопственикот на фирмата му ги дал парите на С.С. за да ги однесе со возило и предаде на друг вработен, кој бил во Струмица.

Како што е пријавено, С.С. не ги предал парите и наредниот ден се јавил на сопственикот и рекол дека ги нема парите, по што одбивал секаков контакт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Препораки до општините во градот Скопје 24.1.2023

Следно

Полска официјално побара дозвола од Германија за испорака на тенковите „леопард 2“ на Украина

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop