Газа: Осумнаесет Палестинци загинаа во израелските напади врз Хан Јунис во текот на ноќта

October 26, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 18 Палестинци загинаа рано утрово во бомбардирањата на израелските авиони врз Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во текот на ноќта, пренесува Анадолу.

Палестинската новинска агенција Вафа јави дека израелските воени авиони нападнале дом во градот Хан Јунис со неколку проектили.

Се додава дека во израелските воздушни напади домот е целосно уништен, а покрај десетици повредени, загинале 18 Палестинци, повеќето деца.

Се верува дека непознат број лица сѐ уште се наоѓаат под урнатините на куќата.

Конфликтот во Газа почна кога палестинската група Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад на 7 октомври, лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека нападот бил одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска започна немилосрдно бомбардирање на позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во конфликтот загинаа над 7.900 луѓе, од кои најмалку 6.546 Палестинци и 1.400 Израелци.

​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери бара партиите навреме да се договорат за терминот за изборите

Следно

„Израел се обидува да ги легитимизира масакрите споредувајќи го Хамас со ДЕАШ“

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop