Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

December 30, 2024
2 mins read

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо внимание на тие теми. Јас сум голем поборник на идејата на зближување на нашите народи, на зацврстување на меѓуетничките односи, така треба сите заедно да работиме во таа насока, изјави вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши.

Прашан дали според него завршиле лошите сценарија кои се предвидуваат, Гаши во интервју за Канал 5, рече „со тоа што кажав дека се кревки, не може никогаш да кажете дека завршиле“.

За тоа дали има информација каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби, Гаши вели дека не се занимава со таа работа. – Се обидувам да се апстрахирам од дневна политика. Тоа е работа на органите на редот. Вчера видов една изјава на неговиот лидер дека тој знае и мислам дека треба набрзо да се повика, да се праша каде е и да се преземат мерки и да биде повикан и да дојде да одговара пред органите на редот, рече Гаши.

За тоа кој е виновен за бегството на Груби и каде треба да се лоцира одговорноста, тој рече дека „ако ни се случува неколку пати треба да видиме што се случува“. – За жал во трансферот на власта уште многу позиции ги држат луѓе кои припаѓаат на тие политички провиниенции, така кога ја имате информацијата, протекува, тогаш од политички аспект тоа не можете да го спречите. Ако има законски проблем, тогаш мислам дека треба да видиме, и власта треба да види каде е проблемот, да не се погрешило нешто и тие што погрешиле да одговараат, појасни Гаши.

За оставката која ДУИ ја бара од него, Гаши изјави дека не сака навистина да дебатира со нив. – Се обидувам да изградам еден модел на политичар кој зборува искрено и ги кажува работите такви како што се. Секој човек кој има барем основни познавања од правото ама и општи познавања, знае дека тоа е така. Кога не се понижува ништо со тоа што ја кажувате вистината, туку со тоа како некој ја оставил ситуацијата. Треба да се занимаваме со тоа зошто некој ја оставил во таа позиција, а не зошто јас сум кажал, рече Гаши.

Прашан дали е точно дека Коалицијата „Вреди“ направи притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги повлече измените во Законите за образование, Гаши појасни дека се разговарало. – Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВЛЕН“, тука е и ЗНАМ, во оваа релација, кога јас сум бил претседател и од моите информации што ги имам досега, не се заснова на притисоци, на реципрочни притисоци едни кон други, туку врз база на принципиелни разговори, врз база на аргументи. Се разговара за секое прашање, каде што е нормално да се подобри нешто, да се повлече, да се направи проценка се во насока на подобрување на законите. Нема никакви притисоци едни на други. Но, факт е дека се разговарало од наша страна и се увидело дека може да се поправат некои работи, појасни Гаши.

Прашан колкави се шансите во 2025 година да се случат уставните измени, Гаши рече дека во нивната предозборна програма тоа не било условот. – Тоа се спомна во неколку изјави, но во предизборната програма на Коалицијата „ВЛЕН“ не беше тој услов. Ние рековме ќе направиме напори што побргу да се направат измените. Тоа го правиме. Денеска како мнозинство имаме заеднички став околу тоа, се обидуваме да предизвикаме гаранции и мислиме дека така и ќе го озбезбедиме и процесот затоа ако ни се случи по уставни измени уште едно вето врз база на етнички и идинтетски прашања тоа може да го доведе процесот до ризик на продолжување на процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ, рече Гаши. Додаде дека очекува што побргу да се случат уставните измени, но, како што рече, сепак кажувам дека зависи од повеќе политички фактори.

Според него, не треба преку избори да се креира цело време нестабилност. Оваа политичка волја на граѓаните, како што рече, е многу јасна, а преку локални избори на некој начин ќе се провери, иако локални избори и парламентарни избори се различни начини на изјаснување на политичка волја. Смета дека е доволно ако има локални избори. – Оваа Влада, оваа програма како што е почнато, може да продолжи четири години да ја реализира и по четири години ќе видиме што ќе кажат граѓаните и ние сами ќе видиме што сме реализирале од тоа што сме го ветиле, рече Гаши.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски

Следно

Без промени на врвот на АТП листата, мал скок на Ивановски

Latest from Blog

Полицијата објави хронологија: Убиствата извршени за 30 минути, Ацо ја убил сестра си со која славел Нова Година

Вршителот на должноста директор на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во Цетиње, злосторствата ги извршил на пет локации во рок од 30 минути и

Година без уставни измени – ќе се чека на политички договор и без бугарско вето

Како и на минатиот истек на една во друга година и овој пат желбата на надворешно-политички план останува да продолжи пристапниот процес за земјава кон Европската унија. Условот да биде реализиран се

Ѓоковиќ со ново историско достигнување

Новак Ѓоковиќ денеска во Бризбејн го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:3. Успехот на српскиот тенисер се покажа како рекорден во историјата на спортот. Тоа беше 20-та последователна победа на Ѓоковиќ над

Израелски воени авиони извршија воздушен напад југозападно од Дамаск

ДАМАСК (АА) – Израелски воени авиони денес извршија воздушен напад врз Тел ал-Шахем, југозападно од сирискиот главен град Дамаск, изјавија локални извори за Анадолу. Изворите наведоа дека нападната локацијата била користена како

Низ патарите лани поминале 62.662.988 возила – приход од над 66.5 милиони евра

На патарините во државава лани е регистрирана  фреквенција на 62.662.988  возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти.  Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход
Go toTop