Гаши во Туркије: Балканот повторно ќе се обедини како место на допир на цивилизациите, културите и религиите

October 4, 2024
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, кој престојува во посета на Туркије, заедно со својата собраниска делегација присуствуваше на конференцијата по повод отворањето на академската 2024-2025 година на Универзитетот „Мармара“ во Истанбул, пренесува Анадолу.

Како што соопшти Канцеларијата за медиуми на Собранието на Северна Македонија, Гаши одржал предавање пред ректорот, професорите и студентите на универзитетот на тема: „Односите меѓу Северна Македонија и Туркије на историски и политички план, актуелни прашања во светот“.

Во своето обраќање пред присутните, Гаши се осврна на заедничката географија и историја, образованието, културата и градењето на нацијата, заедничката геополитика и перспективите за тоа како би можел да изгледа заедничкиот свет во иднина.

Тој изрази уверување дека „Балканот повторно ќе се обедини, не само како географска целина, туку и како место на допир на цивилизациите, културите и религиите во пошироки размери, каде ќе преовладува мирот, безбедноста и благосостојбата.“

Понатаму, Гаши посочи дека Северна Македонија е пример дека на овие простори може да се гради соживот, градејќи држава и општество со различности, но во комплементарно единство.

Во рамки на официјалната посета на Туркије, Гаши оствари средба и со граѓани од Северна Македонија кои престојуваат во Истанбул. На средбата тој истакна дека Северна Македонија и Туркије ги поврзуваат историски и културни врски, и дека во тој поглед иселениците претставуваат важна алка во цврстото пријателство и плодната соработка меѓу двете земји.

Гаши при посетата на Туркије е придружуван од делегација составена од пратениците Бејџан Иљас, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роберт Просинечки имал сообраќајна несреќа

Следно

Исповед на спасувач од БиХ: Извлековме дете чии родители починаа на лице место, беше под ѕид

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop