Гаши – Клакочар Зупанчич: Словенија останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат

April 9, 2025
4 mins read

Словенија останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат, истакна на денешната заедничка прес-конференција претседателката на Државниот збор на Република Словенија Уршка Клакочар Зупанчич по средбата со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

„Сакам да потенцирам дека Словенија е континуиран и ангажиран поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ и ќе ги нуди своите искуства и поддршка и понатаму. Убедена сум дека при тоа секогаш позитивно за проширување на регионот ќе биде фактот и тоа дека новиот комесар за проширување е Словенка госпоѓа Марта Кос. Парламентот на Република Словенија секогаш е секогаш подготвен за размена на искуства и вредности на ниво на парламенти и стручни служби и пратеници, сето тоа придонесува кон поефикасно работење на македонското Собрание во период на влегување на патот кон Европската унија. Се радувам на времето и денот кога ќе можеме да ја поздравиме Северна Македонија како рамноправна членка на ЕУ“, рече таа.

Клакочар Зупанчич нагласи дека таа лично смета дека што побрзо треба да се случи влегувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

„Лично мислам дека тоа не би требало да биде толку далеку, бидејќи влегувањето на државите од Западен Балкан веќе не смее да биде прашање ако, дали и кога. Тоа мора да се случи брзо. Посакувам одлуките, решенијата да дојдат што побргу за република Македонија, бидејќи во Словенија сме свесни дека не врзува едно заедничко срце и меѓусебно разбирање, пред се сличната историја, слична површина, сличен број на население, слична борба за народ, идентитет и јазик. И време е да ни се придружите во европските интеграции“, рече таа.

Клакочар Зупанчич потенцира дека со Гаши се согласиле во оценката дека досегашната парламентарна соработка е одлична и посочи дека со оваа посета се пдоролжуваа таа успешна соработка.

„Во мојата делегација е претседателката на групата на пријатели Сандра Газенкоски, со тоа посетата е можност за контакти помеѓу групите на пријателство што за нас значи многу. Се надевам дека оваа посета ќе биде дополнителен поттик за соработка и на работните тела што нашиот Парламент сака да го зајакне. Соработката меѓу парламентите успешно ја дополнуваме и регионалните парламентарни собранија и форуми. Конечно на крајот на оваа недела Собранието беше домаќин на Комитетот, а годишното заседание ќе биде во Словенија и верувам дека македонската делегација ќе биде учесник на таа средба во полн состав“, рече таа. 

Клакочар Зупанчич нагласи дека на средбата со претседателот Гаши ги потврдиле одличните односи помеѓу нашите држави кои ги бележи пред се пријателство и взаемна солидарност.

„Државите се многу блиски партнери, а соработката базирана на заеднички вредности и заедничко партнерство. Словенија беше и останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроатлански пат и ги поттикнува иницијативите за остварување на соодветно економско подрачје, една соодветна праведна законодавна рамка, бидејќи тоа се два клучни елементи на нашата соработка. Убедена сум дека тоа ќе биде сега истакнато на нашите средби во рамки на програмата на оваа посета. Верувам дека ќе најдеме дополнителни можности за продлабочување на соработката меѓу државите“, рече Клакочар Зупанчич.

Претседателката на Државниот збор на Република Словенија потенцира дека е поборник на се поголемото значење на парламентарната демократија и убедена е дека редовните средби меѓу парламентите ги поттикнуваат и ги развиваат односите. 

Гаши изрази благодарност до Словенија, која, како што рече, е непоколеблив поддржувач на нашите аспирации за интеграција во ЕУ. 

„Политичкиот придонес (како процесот Брдо-Бриони и „нон-пејперот“ од 2023 година), како и техничката поддршка на Словенија во зајакнувањето на административните капацитети за усогласување на нашето законодавство со тоа на ЕУ, ја потврдија успешната соработката меѓу нашите институции и искрената подготвеност на Словенија за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан“, рече Гаши посочувајќи дека овој  момент претставува важен чекор во зајакнувањето на нашите меѓупарламентарни врски и продлабочувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји.

Спикерот потенцираше дека како две држави посветени на вредностите на мирот, безбедноста и демократијата, заедничката заложба во рамките на НАТО и меѓународните организации, го прави ова партнерство уште подоверливо. Според Гаши, на средбата било утврдено дека проширувањето на ЕУ, во време кога заложбата и фокусот на нашите мисии се кон Украина, не претставува само стратешка цел, туку и геополитички интерес. 

И Гаши потенцира дека на средбата биле потврдени билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Словенија кои, како што рече, отсекогаш биле силни, карактеризирани со искрено пријателство, повеќедимензионална соработка, безрезервна поддршка и континуирирана посветеност за зајакнување на врските меѓу нашите граѓани.

Како што кажа Гаши, на средбата од економски аспект биле разгледани новите можности за соработка и инвестиции, при што ја истакнале важноста на Словенија како еден од најголемите инвеститори во нашата земја. на средбата е разговарано и за други области кои вклучуваат актуелни и потенцијални проекти во образованието, здравството, културата и дигитализацијата, а ја истакнавме и размената на студенти како една од најдобрите практики што помогна во развојот на кадарот и државата. Се осврнавме, рече Гаши, и на улогата на нашата дијаспора во Словенија, која претставува мост на поврзување и одлична основа за остварување на нашите заеднички цели.

Претседателката на Државниот збор на Република Словенија во својот говор изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани која се случи на 16 март.

„Соопштението за разурнувачкиот пожар кој уништи многу животи на млади луѓе кои само што тргнаа по својот пати во Словенија многу не потресе. Тоа пред се е тешко искушение која донесе многу тага не само во семејствата и пријателите на жртвите, туку и во целото општество, целата држава. Затоа, верувам дека со внатрешни сили и солидарност и пред се со меѓусебна поддршка ќе успеете да ги надминете овие тешки времиња и нека виде биде поддршка сознанието дека во својата болка не сте сами“, рече Клакочар Зупанчич.

На крајот, Гаши изрази благодарност до Зупанчиќ и до државата на Словенија за големата помош што ни ја дадоа по трагедијата во Кочани.

„По оваа посета, можам со сигурност да изјавам дека Северна Македонија може да смета на Словенија, не само како сојузник во НАТО и поддржувач на интеграциите, туку и како вистински пријател кој гради односи врз основа на почит, разбирање и солидарност“, рече Гаши.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Карева Талеска во 24 анализа: Антиродовите движења сакаат да докажат дека препознавањето на ЛГБТИ заедницата ќе ги натера младите да станат дел од неа

Следно

Никица Мојсоска Блажески: И да направевме претходно 0% стапка за увоз на американски производи, ние повторно ќе дојдевме до оваа формула и стапката од 33%

Latest from Blog

Бојковска во 24 анализа: За разлика од претходните трагедии, трагедијата во Кочани има истрага која се прошируваа

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во 24 анализа рече дека, за разлика од претходните трагедии, случајот во Кочани има истрага која се проширува. Според неа, сите виновници кои имале некаков удел во

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска” кај популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан”. Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е

ССМ на 1 Мај ќе ги повтори барањата за зголемување на минималната плата и на останатите плати

Сојузот на синдикати на Македонија на Првомајскиот протест повторно ќе побара зголемување на минималната плата на 500 евра, како и зголемување на останатите плати за 100 евра и зголемување на платите во

Дебар: Водата да се преврива пред пиење!

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар упати информација до корисниците. Како што велат, водата за пиењеможе да ја користат  само со претходно нејзино превривање. „Ги известуваме корисниците,

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Кочани.  -По поднесените предлози за определување на
Go toTop