Гаши: Гаранции од ЕУ, па Бугарите во уставот

October 19, 2024
1 min read

Гаранции од ЕУ, па Бугарите во уставот. Ова во изјава, за Дојче Веле, од Берлин го порача претседателот на Собанието Африм Гаши. За тоа, дали Германија ќе се вклучи како олеснувач меѓу Скопје и Софија, откако предлогот на Виктор Орбан беше ескпресно одбиен од Бугарија – Гаши порачува дека секоја помош е добредојдена.

– Ние сме подготвени Бугарите во Уставот да ги вметнеме веднаш. Мислам дека имаме целосен или поконкретно голем консензус околу тоа дека немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот. Но, нашиот проблем е со предвидливоста на процесот, и гаранциите дека веднаш потоа ќе нема следно прашање или следен услов кој се однесува на историски и идентитетски прашања кои мислиме дека се тешко решливи на политичките маси на преговарање. Африм Гаши претседател на Собрание.

Според Гаши, владата нема дилеми за европскиот пат и сака процесот да продолжи што побрзо. Вели дека на Илинденска бр 2 сите заеднички го бранат македонскиот идентитет, а рокот од шест месец за уставните измени, никогаш не бил поставен во контекст за напуштање на владината коалиција. 

Од СДСМ пак порачаа дека владата нема јасна стратегија како понатаму. Лидерот на опозицијата Венко Филипче, на средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, понудил поддршка за евроинтеграциите.

– Она што загрижува е фактот дека актуелната власт нема јасна стратегија како понатаму, кои се следните чекори и дали воопшто има политичка волја за продолжување на процесот на интеграција. – СДСМ.

Во меѓувреме премиерот Мицкоски се уште е во дилема дали ќе го испраќа писмото до европските институции и челници. Изјави и дека од Берлин се вратил како поголем оптимист и дека оптимизмот е од новите иницијативи кои ги слушнал од средбите со германските официјални претставници.

– Посредништво, состаноци се можни. Мислам дека се очекува еден таков состанок, со посредништво на Орбан во Будимпешта во ноември. Разговори ќе има, но мислам дека политичкиот консензус е прилично голем во Бугарија, по ова прашање. Мислам дека тие не би влегувале во еден таков ризик, да ја менуваат преговарачката рамка. Сметам дека е невозможно. – Димитар Николовски Евротинк.

Следната недела, во земјава, се очекува да пристигне и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен. Според нејзината агенда, во Скопје се очекува да има средби со премиерот Мицкоски, но и со претседателката Сиљановска Давкова.

– Можеме да очекуваме повторување на истите аргументи – дека се потребни измени. Меѓутоа мислам дека многу повеќе оваа посета ќе биде искористена за Планот за раст и за реформската агенда. – ели Николовски.

Пред само 5 дена, од Берлин пристигна студен германски туш. Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок порача – се додека во Европската Унија се одлучува едногласно, Македонија ќе мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во уставот, за да ги почне преговорите со ЕУ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркије сака да ја зајакне соработката со Германија за набавка на производи од одбранбената индустрија“

Следно

Грчки работници спречија контејнер со оружје да се извезе во Израел, оружјето во грција влегло преку Македонија

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop