Г7 и партнерските земји ветија дека ќе ја продолжат поддршката за енергетскиот сектор на Украина

January 24, 2023
1 min read

Министрите за надворешни работи ги повторија повиците Русија да ги запре нападите врз енергетските и топлинските системи на Украина

Г7 и другите партнерски земји ветија дека ќе ја задржат својата поддршка за енергетскиот сектор на Украина, вклучително и испорака на опрема и друга хуманитарна помош во текот на зимата, соопшти американскиот Стејт департмент по состанокот на министрите за надворешни работи од групата.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши беа кодомаќини на состанокот, на кој земјите, исто така, ветија дека ќе продолжат со координација за напорите на Украина за „модернизација и декарбонизација на нејзината енергетска мрежа“, соопшти Министерството по виртуелниот состанок.

Министрите за надворешни работи ги повторија повиците Русија да ги запре нападите врз енергетските и топлинските системи на Украина, се додава во соопштението на Стејт департментот.

„Групата се обврза да ја продолжи својата тесна координација за испорака на опрема и хуманитарна поддршка оваа зима, набавка на основна инфраструктура и поддршка на долгорочната визија на Украина да ја модернизира и декарбонизира својата енергетска мрежа и да се интегрира со европскиот систем“,

се вели во соопштението.

Десетици илјади луѓе се убиени, а милиони протерани од своите домови по руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

Украинскиот премиер Денис Шмихал рече дека неговата земја продолжила да работи со партнерите за да се забрзаат работите за поправка за обновување на капацитетите за производство и дистрибуција, за да се направи енергетскиот систем помалку централизиран и да се имплементираат нови програми за енергетска ефикасност.

„Украина има доволно резерви на јаглен и гас за преостанатите месеци од зимата и покрај повторените руски напади врз нејзиниот енергетски систем“,

рече Шмихал.

Тој додаде дека ситуацијата во енергетскиот сектор и понатаму е тешка, но под контрола по повеќемесечната руска кампања со беспилотни летала и ракетни напади врз критичната инфраструктура што оштети околу 40 отсто од енергетскиот систем.

И покрај несоодветно топло време во декември и јануари, сите региони на Украина се соочуваат со планирано исклучување на електричната енергија поради енергетскиот дефицит.

Мрежниот оператор „Укренерго“ рече дека производството на енергија зајакна оваа недела.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Радев: Ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза

Следно

Нов Зеланд доби нов премиер

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop