Футуристички возила претставени на Саемот за автомобили во Силиконската Долина

February 23, 2025
1 min read

КАЛИФОРНИЈА (АА) – Најновите модели на автомобили од едни од најголемите светски производители се најдоа под еден покрив на Саемот за автомобили во Силиконската Долина, јавува Анадолу.

Саемот за автомобили се одржува во Конгресниот центар Санта Клара во Калифорнија, од 21 до денес, 23 февруари, нудејќи поглед во иднината на транспортот.

На настанот прикажан е широк спектар на возила, од автомобили, камиони, СУВ, кросовери и возила со алтернативно гориво од светски производители, меѓу кои и Акјура, Мерцедес Бенц, Тесла, Порше, Тојота, Ленд Ровер и многу други.

Главен белег на саемот беше првиот целосно функционален летечки автомобил во светот, развиен од АЛЕФ. Иновативното возило означи значаен исчекор во индивидуалниот воздушен транспорт. Компанијата планира да започне со производство и со првите испораки кон крајот на оваа година.

Настанот се докажа како возбудливо искуство за автомобилските ентузијасти и технолошките иноватори, прикажувајќи ги најновите достигнувања во индустријата на возила и иднината на транспортот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски

Следно

Распродадени влезниците за ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Алкалоид

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува
Go toTop