Фригија – мистериозна територија на Афионкарахисар, Туркије

November 3, 2024
1 min read

АФИОНКАРАХИСАР (АА) – Во подрачјето на Ихсаније, во турската област Афионкарахисар, се наоѓа регионот Фригија, лоциран во Фригиската долина која има богата историја стара 3.000 години.

Во овој регион, кој е единствената населба на Фригиската цивилизација, се наоѓаат селото Ајазини, долината Ѓојнуш, езерото Емре, историски карпести населби, врежани карпести гробници и камени формации, познати и како „самовилски оџаци“, создадени од ефектот на дождот и ветерот врз вулканските карпи. Фригиската долина, позната и како „мистериозна земја“, привлекува внимание со својот природен музејски изглед. Ова историското место е познато и како Втора Кападокија.

Во регионот можат да се видат трагите на фригиската цивилизација, која потекнува од 9 век п.н.е.. Планинскиот Фригиски регион, денес се протега на подрачјето на турските области Кутахија, Афјон и Ескишехир. Фригиската долина, која има геолошка структура од вулкански карпи и открива уникатен архитектонски концепт изграден со резбарење на лесно обработливите карпи, била инспирација за многу цивилизации во годините што следеле. Фригиската долина благодарени на своите природни убавини, карпести населби, „самовилски оџаци“ и 3000-годишна историја е меѓу 10-те најубави долини во Туркије. Локалните и странските туристи кои доаѓаат во подрачјето Ихсаније во турската област Афионкарахисар, имаат можност да патуваат низ времето при посета на регионот, кој е познат и како „Мистериозна земја“ благодарение на својата богата историја.

– Фригија

Фригија е древно кралство во централниот дел од Анадолија, која владеела околу долината на реката Сангарис. Фригија била регион на големите царства од тоа време.

Легендите раскажуваат за неколку познати фригиски кралеви. Еден од нив е Гордиј, чиј Гордиев јазол подоцна го пресекол Александар Македонски. За кралот Мида се раскажувало дека сѐ што ќе допрел претворал во злато и кралот Мигдон, кој војувал со Амазонките.

Фригија во своето дело ‘Илијада’ ја споменува и Хомер. Во ‘Илијада’ Фригијците се претставени како сојузници на Тројанците во борбата против Ахајците во Тројанската војна, кои тоа го направиле како возврат што тројанскиот крал Пријам им помогнал на Фригијците во нивната борба против Амазонките.

Фригија својот врв го доживува кон крајот на 8-миот век п.н.е. за време на владеењето на кралот Мида, кој управувал со поголемиот дел од западна и централна Анадолија.

По освојувањето на Фригија од Византија Фригијците станале христијани и се асимилирале во византиската држава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека и понудила на Украина размена на 935 воени заробеници, но Киев се согласил на 279

Следно

СВР Скопје: Расчистен е случајот со убиството во Арачиново

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop