Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

October 10, 2026
1 min read

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот од мечот за малку ќе останеа без победа по неверојатниот камбек на домаќините.

Вистинската голеада започна по паузата. Бромапојкарна поведе во 48-та минута, АИК брзо возврати, но потоа гостинскиот тим целосно ја презеде контролата и постигна уште четири гола. Во 70-та минута резултатот беше 1-5 и се чинеше дека победникот е решен.

Сепак, АИК не се предаде. Домашните фудбалери тргнаа во офанзива и почнаа да ја топат високата негатива, постигнувајќи три гола во последните 20 минути од регуларниот дел. Драмата кулминираше во судиското надополнување, кога во 98-тата минута АИК успеа да израмни на 5-5, предизвикувајќи ерупција на воодушевување на трибините.

Но, кога се чинеше дека домашниот тим направил подвиг за паметење и спасил барем еден бод, следуваше нов шок. Само една минута подоцна, во 99-тата минута, Бромапојкарна го постигна шестиот гол и ја запечати победата од 5-6.

Така, АИК по неверојатниот камбек остана со празни раце, а гостите си заминаа со трите бода по натпревар кој понуди неверојатни пресврти и драма до последниот момент.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Pse LDK-ja nuk e votoi ndryshimin e ligjit për Specialen? Flet Saim Tahiraj

Следно

Daçiqi kërcënon me flamurin serb mbi Prizren, Abrashi ia kujton vizitën e vitit 2010

Latest from Blog

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките
Go toTop