ФРАНЦУСКИОТ ПОЕТ ЖАН-ПЈЕР СИМЕОН Е ДОБИТНИК НА „ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ“ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА 2024

March 21, 2024
1 min read

Францускиот поет, есеист, прозаист и драмски автор Жан-Пјер Симеон е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на Фестивалот. Шелева и директорот на СВП Тодорче Тасевски говореа за фестивалот на свеченост во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на Светскиот ден на поезијата.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 22 до 26 август.

„Жан-Пјер Симеон е ценет поет, со широк распон на својот творечки потенцијал, реализиран во неколку жанровски подрачја. Тој e сестран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист“, рече Шелева.

Лидија Капушевска-Дракулевскa од Управниот одбор на СВП, директорот на СВП Тодорче Тасевски и Елизабета Шелева, претседателка на УО на СВП на денешната свеченост во МАНУ во чест на Светскиот ден на поезијата. (Фото: К. Попов)

Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил  повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси.

„Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов ‘Поезијата ќе го спаси светот’. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет. Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по срцето на непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства“, вели во поздравното обраќање на лауреатот Симеон.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024, која што Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса Катрин Пиц за стихозбирката „Вакви денови имало отсекогаш“.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Америка има „расен балансер“ за трансплантација на бубрези

Следно

Де Брујне најплатен фудбалер во Премиер лигата

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop