Франција има намера да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

September 3, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Француската Влада има намера да воведе забрана за употреба на електронските цигари за еднократна употреба, најави премиерката Елизабет Борн во денешното интервју за радио РТЛ, пренесува Анадолу.

„Планираме да воведеме нов план против пушењето кој ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба [вејп], тие предизвикуваат лоши навики кај младите“, истакна Борн.

Министерот за здравство на Франција, Франсоа Браун, веќе неколкупати се изјасни за забрана на овој вид електронски цигари затоа што ги наведуваат младите на пушење и затоа што нивното еднократно користење е еколошки апсурд.

Иако веќе формално се забранети за малолетници, електронските цигари се особено популарни меѓу француските тинејџери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски за Онкологија: Ваквиот тип на криминал е мултипартиски и мултиетнички

Следно

Возило удрило во пешак и го напуштило местото на настанот, пешакот починал

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop