Франција: Вандали уништија џамија што требаше да се отвори во текот на Рамазан

1 min read

ПАРИЗ (АА) – Џамијата што требало да ги отвори своите врати за молитвите на муслиманите овој Рамазан во градот Ватињи во значителна мера е оштетена од непознати напаѓачи, пренесува Анадолу.

Француските национални медиуми објавија дека неидентификувано лице или група извршиле напад на џамијата што е изградена во состав на фондацијата „Ел Емел“.

Како последица на нападот во градот Ватињи, внатрешноста на џамијата, вклучително и таваните, се неупотребливи, а напаѓачите претходно ги прекинале електричните инсталации во зградата за да се оневозможи активирање на алармите и камерите.

И покрај оштетувањата, во џамијата што се подготвува да ги отвори своите врати во текот на месецот Рамазан, ништо не е украдено. Полицијата започна истрага во врска со настанот.

Алан Плус, градоначалник на Ватињи, изјави дека нападот, според него, претставува исламофобичен чин.

Претставниците на фондацијата, исто така, изјавија дека начинот на кој е изведен нападот покажува дека станува збор за планиран акт.

„Остро го осудувам овој исламофобичен вандализам во Ватињи кој ги премина границите на толеранција“, напиша францускиот пратеник Давид Гиро на својот профил на социјалната мрежа Твитер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Гатузо: Неумесно е да се споредуваат италијанските клубови со англиските

Следно

Крадец ограбил скопјанка додека се качувала во автобус

Latest from Blog