Франција: Насилството врз палестинските цивили е неприфатливо

February 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Актите на насилство врз палестинските цивили на окупираниот Западен Брег се неприфатливи, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.

Во соопштението, Министерството, исто така, го осуди нападот што резултираше со смрт на двајца Израелци во неделата.

„Франција со најголема загриженост го следи тековното насилство на Западниот Брег, особено во Хувара“, соопшти Министерството.

Франција ги повика сите страни да избегнуваат поттикнување насилство и да придонесат за намалување на тензиите.

Во соопштението се вели дека „како дел од својата одговорност како окупаторска сила“, израелската Влада морала да ги заштити палестинските цивили и да ги гони сторителите на нападот доцна во неделата, во кој израелските доселеници запалија неколку куќи и возила во северниот град Хувара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Злоупотребен приватниот ФБ профил на претседателката на ДКСК

Следно

Драма на Бит Пазар: Нападната скопјанка поради недоразбирање во сообраќајот

Latest from Blog

Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети. Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу бргу

МБИ10 со пад од 0.19% – Банкарскиот и фармацевтскиот сектор во фокус на берзанската активност на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 17 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,19% и затвори на 10.154,21

Проданоски: Прилеп отворен за нови инвестиции и партнерства

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со претставници на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), каде се разговараше за продлабочување на економската соработка и можностите за нови инвестиции. На средбата, Проданоски
Go toTop