Франција и Германија очекуваат од Вучиќ и Курти да почнат со спроведување на договореното, во спротивно ќе сносат последици 

March 31, 2023
3 mins read

Амбасадорот на Франција во Косово очекува косовската влада да иницира преговори за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и додаде дека „деновиве се очекуваат состаноци“, по тој повод. Тој, исто така, подвлече дека и од лидерот на Србија, Александар Вучиќ, очекува да ги исполни обврските што произлегуваат од договорот

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, кој заедно со неговиот француски колега присуствуваше на дебата посветена на договорот, изрази оптимизам за негова имплементацијата и посочи дека најважно во овој момент е што тој е постигнат

Амбасадорот на Франција во Косово, Оливиjе Геро, денеска изјави дека очекува од Косово и од Србија да ги исполнат обврските од договорот за нормализација на односите или во спротивно и двете страни ќе ги сносат последиците.

Францускиот амбасадор во Косово, Оливиjе Геро/Фото: Твитер

Тој посочи дека очекува косовската влада да иницира преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство и додаде дека „деновиве се очекуваат состаноци“, по тој повод, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).  

Францускиот амбасадор, исто така, подвлече дека и од лидерот на Србија, Александар Вучиќ, очекува да ги исполни обврските што произлегуваат од договорот. 

 „Рано е да се каже какви ќе бидат последиците и сега треба да се фокусираме на придобивките“,

рече Геро на дебатата за спроведување на договорот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите, што се одржа во медија центарот во Чаглавица, во близина на Приштина. 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти на 27 февруари во Брисел постигнаа согланост за договорот за нормализација на односите врз основа на европскиот предлог, а на 18 март во Охрид се договорија и во врска со Анексот за негова имплементација.  

Францускиот амбасадор посочи дека главните преговарачи во рамките на дијалогот Бесник Бислими и Петар Петковиќ ќе се сретнат на 4 април во Брисел, посочувајќи дека тоа е првиот чекор кон имплементација на договорот. 

На истиот настан, германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, изрази оптимизам за имплементацијата договорот и посочи дека најважно во овој момент е што тој е постигнат.  

„Сега ја имаме и политичката волја на актерите“,

рече Роде. 

 Според него, договорот за нормализација на односите е „долгорочна обврска“ и додаде дека Косово мора да го почитува делот што се однесува на самоуправувањето на српската заедница на Косово и дека Србија не смее да го блокира членството на Косово во меѓународните организации. 

Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Приштина, Јорн Роде/Фото: Твитер

Германскиот амбасадор смета дека овој договор ќе им го олесни животот на обичните граѓани, особено на припадниците на српската заедница кои живеат на северот на Косово. 

Како што посочи, пак, францускиот амбасадор формулацијата од договорот „одредено ниво на самоуправување на српската заедница на Косово“, недвосмислено се однесува на формирање на заедница на општини со српско мнозинство. 

 Начелата за формирање на заедницата беа договорени во 2015 година и во нив се прецизира дека заедницата има целосна надлежност во областа на здравството, образованието, просторното планирање и други сегменти. Сепак, Уставниот суд на Косово утврди дека овие принципи не се во согласност со законите на Косово, но дека може да се усогласат. 

Геро ја охрабри Владата на Косово да иницира дискусија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство. 

 На новинарско прашање како ги коментира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека никогаш нема да дозволи Косово да влезе во Обединетите нации, германската амбасадорка Роде рече дека ваквите пораки „не се здрави“, но дека меѓународната заедница треба да се фокусира на спроведувањето на договорот. 

 Тој рече дека овој пат е поголем оптимист и дека ја гледа волјата на лидерите на Косово и Србија да го спроведат договореното. 

Во договорот за нормализација на односите, меѓудругото, предвидува взаемно почитување на независноста, автономијата и територијалниот интегритет, но не го споменува експлицитно признавањето на независноста на Косово од страна на Србија. 

Исто така, Србија се обврзува да не го блокира членството на Косово во меѓународните организации и меѓусебното признавање на регистарски таблички, симболи, документи, дипломи и царински печати. Предвидено е „посебен аранжман за српската заедница на Косово“, односно одредено ниво на самоуправување. 

Овој предлог беше поддржан од западните земји, вклучувајќи ги и САД. Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел по преговорите во Охрид изјави дека овој договор, иако не е потпишан, е правно обврзувачки и дека ќе стане составен дел од процесот на приклучување на Србија и Косово во Европската унија.

 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Исландскиот селектор доби отказ

Следно

Уапсена банда која шверцувала 17 тони кокаин во Европа

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop