(ФОТО+ВИДЕО) Доделени наградите Златен глобус 2023: Триумф на „Фабелмансови“ и „Баншите на Инишерин“

January 11, 2023
1 min read

Филмот на Спилберг, триумфираше во категоријата за најдобар филм – драма, како и во категориите за најдобра режија, додека филмот на Мартин Мекдона, триуфираше во категоријата за најдобар филм – мјузикл/комедија, најдобро сценарио како и за најдобра машка улога за Колин Фарел

Автобиографскиот филм на режисерот Стивен Спилберг, „Фабелмансови“ (The Fabelmans) и „Баншите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) триумфираа на синоќешната церемонија на доделувањето на наградите Златен Глобус 2023 во Лос Анџелес.

Режисерот Стивен Спилберг, Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Филмот „Фабелмансови“ на Спилберг, кој ја раскажува приказната за момче кое се заљубува во филмската уметност, ја освои наградата во категоријата за најдобар филм – драма, како и во категориите за најдобра режија, додека филмот „Баншите на Инишерин“ на Мартин Мекдона, околу раскинување на старо пријателство на мал остров во Ирска која е зафатена во граѓанска војна, ја доби наградата во категоријата за најдобар филм – мјузикл/комедија, најдобро сценарио како и за најдобра машка улога за Колин Фарел.

Колин Фарел и Мартин Мекдона, Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Никогаш не очекував моите филмови да имаат публика, и кога тоа се случува е шокантно за мене“,

рече Фарел при примањето на наградата.

Другите главни актерски награди ги добија Кејт Бланшет, за улогата во „Тар“, Мишел Јео за „Сешто, сегде, одеднаш“ (Everything Everywhere All At Once) и Остин Батлер за „Елвис“.

Мишел Јео, Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
Остин Батлер, Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Аргентинскиот „1985“ победи во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје додека за најдобар анимиран филм беше прогласен „Пинокио“ на Гиљермо Дел Торо.

Во телевизиските награди триумфираа „Куќата на змејот“ (House of the Dragon), која ја освои наградата за најдобра серија-драма, „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary), која триумфираше во категоријата за најдобра серија-комедија/мјузикл, како и „Белиот Лотос“ (The White Lotus), која ја однесе главната награда во категоријата „лимитирана серија“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ТРИУМФ НА „ФАБЕЛМАНОВИ“ И „ТАЖАЧКИТЕ ОД ИНИШЕРИН“ НА 80. ЗЛАТНИ ГЛОБУСИ

Следно

Најмалку шест повредени во напад на железничка станица во Париз

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop