Фоторепортерот Јуриј Козирев гостин на „Istanbul Photo Awards Talks“

June 12, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Членот на жирито на „Istanbul Photo Awards“, Јуриј Козирев, присуствуваше на настанот „Istanbul Photo Awards Talks“, каде што мајсторите на фотографијата ги споделуваат своите искуства, јавува Анадолу.

Фоторепортерот на Агенција Анадолу (AA), Ариф Худаверди Јаман, го модерираше разговорот што се одржа во рамките на изложбата отворена во Библиотека Рами по повод 10-годишнината од натпреварот.

Изјавувајќи дека Козирев има извонредна кариера во фоторепортерството и ги забележал повеќето големи конфликти во последните 30 години, Јаман истакна:

„Според моето мислење, она што трудот на Козирев го прави различен од другите фоторепортери е неговата многу голема посветеност на работата.“

Велејќи дека е почестен што е во жирито на натпреварот, Козирев рече дека верува оти е важно да се споделат знаењето, искуството и размислувањата во врска со фотографството.

Нагласувајќи дека е познат како фотограф што долги години бил во Ирак, Козирев истакна дека направил добри работи и надвор од зоната на конфликти и сака да се истакне и со нив.

Презентирајќи избор на фотографии, Козирев говореше за стекнатото искуство во текот на својата кариерата и додаде:

„Кога првпат почнав да фотографирам пред многу години, себеси не се гледав како фоторепортер. Како и секој млад фотограф се обидував да одам на места, како што се затвори, ментални болници, сиропиталишта. Ова е многу типичен пристап.“

– „Успеав да бидам во Ирак пред војната“ –

Зборувајќи дека се свртил кон ова поле бидејќи во неговото семејство имало новинари, Козирев рече дека сопругата му дала идеја да прати фотографии на конкурсот.

Тој нагласи дека кога од него било побарано да оди во Ирак во 2002 година, многу малку знаел за регионот. Од него било побарано да го фотографира секојдневниот живот на Ирачаните и дека тоа го гледал како голема шанса.

Изјавувајќи дека добил позитивен одговор кога аплицирал за виза, фотографот истакна:

„Успеав да бидам во Ирак пред војната и создадов врски без да знам дека ќе дојде до војна. Живеев таму. Иако не бев на должност, останав во Ирак три месеци. Мислев дека е интересно да поминам повеќе време таму. Потоа почнав да се подготвувам за големата приказна и знаев дека тоа ќе биде моја приказна.“

На настанот присуствуваа и познати фотографи што добија награди на конкурсот и специјални гости од медиумите. Програмата продолжи со сесија на прашања и одговори.

– „Istanbul Photo Awards 2024“ –

На годинашниот меѓународен натпревар за новински фотографии „Istanbul Photo Awards“, кој го организираше АА, пристигнаа повеќе од 20.000 фотоапликации. Натпреварот беше организиран во 10 категории, а награди освоија 32 фотографи.

На овој натпревар Турксел го презеде спонзорството за комуникации, Сони е спонзор за наградите, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е спонзор за настани во странство, а Туркиш ерлајнс даде патна поддршка за натпреварот.

Првата изложба по повод 10-годишнината на натпреварот може да се посети во салата Ф3 на Библиотека Рами до 23 јуни. На годинашниот натпревар оценети се поединечни и серија фотографии на тема вест, спорт, животна средина, портрет и секојдневен живот. Презентирани се фотографии што се однесуваат на глобалните настани од изминатата година. Станува збор за фотографии од нападите на Израел врз Палестина до земјотресот во Туркије наречен „Катастрофа на векот“, од мексиканските криминални организации до бегалските кампови во Авганистан, од употребата на пластика во Нигерија до живеалиштата на слоновите претворени во депонии за ѓубре во Шри Ланка, од светското првенство во пливање во Јапонија до тенискиот турнир Вимблдон, од дискриминацијата во Индија до мигрантите што ги губат животите во шпанските води.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје постигнат договор за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка

Следно

Израел потврди дека загинал високиот командант на Хезболах во југоисточниот дел на Либан

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop