(ФОТОГАЛЕРИЈА) Над 200 судии на избори бираат двајца членови за Судскиот совет

July 13, 2023
1 min read

Гласањето денеска трае до 15 часот, а потоа се очекува изборните материјали од сите судови каде што се гласа да бидат испратени во Судскиот совет, кој ќе треба да ги објави прелиминарните резултати

Вкупно 236 судии денеска на непосредни избори гласаат за избор на двајца нови членови на Судскиот совет.

Станува збор за избори за двете испразнети места по оставките што, по контроверзиите во Советот, си ги поднесоа врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски од Апелацискиот суд во Скопје.

За пополнување на овие две места на двете изборни листи има тројца кандидати. Од редовите на Врховниот суд единствен кандидат е Наке Георгиев. За член на советот од скопското апелациско подрачје, под кое покрај Апелација влегуваат и повеќе основни судови од околните градови, пак, има двајца кандидати: Антоанета Димовска од Основниот граѓански суд во Скопје и Лазар Нанев, кој е претседател на Основниот суд во Кавадарци.

За избор на член на Советот од редовите на Врховен, право на глас имаат вкупно 16 судии од овој суд и извесно е дека Георгиев како единствен кандидат ќе биде избран.

Останатите 220 судии кои денеска имаат право на глас, пак, се под изборната единица на скопското апелациско подрачје и тие ќе гласаат помеѓу Димовска и Нанев.

Гласањето започна утрово во 8 часот и ќе трае до 15 часот.

„По затворањето на гласачките кутии, ќе се избројат резултатите и ќе се направи записник во избирачките места. Целиот изборен материјал потоа ќе се носи во Судскиот совет на РСМ, каде Комисијата за избори сукцесивно ќе ги објавува прелиминарните резултати и ќе направи записник“,

велат од Судскиот совет.

Кандидатите потоа ќе имаат право на приговори за начинот на гласање и за објавените резултати, а по истекот на законските рокови резултатите ќе станат и конечни.

Контроверзиите што се случуваат во Судскиот совет изминатите месеци, а започнаа со тргањето на Весна Дамева од претседателската функција, продолжија и со изборот на нови членови. Името на единствениот кандидат од Врховен, судијата Наке Георгиев, периодов беше во фокусот на јавноста бидејќи против него се водеше постапка за утврдување одговорност во периодот кога тој беше претседател на Апелацискиот суд во Штип. Меѓутоа, еден ден пред да биде утврдена листата на кандидати, на затворен дел од седница Судскиот совет реши да ја запре постапката против Георгиев откако предметот за него беше држен во фиока неколку месеци. За истиот случај за кој се водеше постапка против овој судија за периодот кога тој беше на чело на штипска Апелација, пак, претходно беа разрешени тројца судии.

За кандидатите од скопското апелациско подрачје, пак, првично судијката Димовска беше единствена кандидатка бидејќи кандидатурата на Нанев беше одбиена како нецелосна. Но, тој поднесе приговор, па мнозинството членови на седницата што ја утврдуваше конечната листа го прифати и го смести Нанев на гласачкото ливче.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

А да кажеше фала?

Следно

(ВИДЕО) Како дојде до ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop