(ФОТОГАЛЕРИЈА) Kaко во различни делови од светот изгледаше првата „супермесечина“ за овој месец

August 2, 2023
1 min read

Според астрономите, феноменот со две „сумермесечини“ во рок од еден месец последено се случил во 2018 година, а следниот пат можеме да го очекуваме дури во 2037 година

Август 2023 година ќе биде месец на редок астрономски феномен. Овој месец на небото ќе се појават две „супермесечини“, што последен пат се случи во 2018 година.

Терминот „супермесечина“ се користи кога се опишува полната месечина, кога со својата орбита е на најблиска точка до Земјата. Сателитот тогаш изгледа малку поголемо и посветло од вообичаено.

Првата од двете „супермесечини“ што ќе го осветлат небото овој месец се појави ноќта помеѓу 31 јули и 1 август, а месечината беше оддалечена 357 530 километри од Земјата.

Погледнете како во различни делови од светот изгледаше првата „супермесечина“ за овој месец:

„Супермесечината“ над Саргоса, Шпанија / Фото: EPA-EFE/Javier Cebollada
„Супермесечината“ над Скопје, Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
„Супермесечината“ над Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA
„Супермесечината“ над храмот на Посејдон, во близина на Атина, Грција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA
„Супермесечината“ над Сиднеј, Австралија / Фото: ЕPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Но, оваа „супермесечина“ нема да биде последна што ќе го осветли небото овој месец.

Таа ќе биде уште поблиску до Земјата ноќта на 30 август, кога од неа ќе биде оддалечена 357 344 километри. Бидејќи тоа ќе биде втора полна месечина во истиот месец, тaa ќе го носи називот „сина месечина“.

Според астрономите, ваквата појава со две „сумермесечини“ во рок од еден месец последено се случила во 2018 година, а следниот пат можеме да ја очекуваме дури во 2037 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грција им нуди бесплатен одмор на туристите кои поради пожарите беа евакуирани од Родос

Следно

Германија бележи пораст на нападите врз засолништата за бегалци, 80 пријавени оваа година

Latest from Blog

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

Во Грција во летниот период е активно здружението на граѓани MyCoast , кои се залагаат и се борат за остварување на правото на слободен пристап до морскиот брег. Здружението е посветено на

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух – идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања. Повредените се сместени во одморалиштето на МВР.

Турскиот авиопревозник „АЏет“ го реализираше првиот лет од Истанбул до Дамаск

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес објави дека неговата земја ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија официјалната „Прес ТВ“ и новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот
Go toTop