(ФОТОГАЛЕРИЈА) Грција цела ноќ се бореше со огнените јазици – утрово 600 пожарникари се на терен

July 18, 2023
1 min read

Североисточниот дел на Атина, Пелопонез и Дервенхориа во јужниот дел од Виотија се регионите каде пожарникарите се борат со огнот и од копно и од воздух

Во текот на целата ноќ грчките пожарникари се бореа со огнените јазици на три различни локации во Грција, а гаснењето на пожарите продолжува и утрово, и од копно и од воздух, со речиси 600 пожарникари, возила, авиони и хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Во земјата, од вчера активни се пожари во три делови: во североисточниот дел на областа Атика – поширокиот регион на Атина, каде што изгореа голем број домови; на Пелопонез кај Лутраки; и во Дервенохориа, во јужниот дел на областа Виотија во близина на Атика.

Портпаролот на противпожарна служба на Грција Јанис Артопиос утрово информираше дека во Атика интервенираат 230 пожарникари со седум пешадиски тима, 76 возила и три хеликоптери, а мобилизирани сè уште два.

На Пелопонез службите се справуваат со расфрлани жаришта и продолжуваат со работа 120 пожарникари со четири пешадиски тима и 43 возила, а од воздух интервенираат пет авиони и еден хеликоптер, а мобилизирани сè уште пет воздушни средства.

Во Дервенохориа, според Артопиос, на полноќ преку бројот 112 за итни случаи била испратена втора предупредувачка порака до жителите на областа, а утрово на терен интервенираат 140 пожарникари со пет пешадиски тима и 48 возила, со шест авиони и еден хеликоптер.

Паралелно во сите пожари помагаат припадници на армијата, на полицијата, брзата помош, како и пожарникари волонтери и цистерни од општините.

Доцна синоќа министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас истакна дека во текот на вчерашниот ден имале 81 пожар, предупреди дека и денешниот ден ќе биде тежок и упати апел граѓаните да бидат внимателни, а соопшти дека за еден од пожарите се уапсени две лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маркус Рашфорд и Манчестер јунајтед конечно се договорија

Следно

Роналдо: Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop