(ФОТОГАЛЕРИЈА) Божикна литургија во Соборниот храм, политичарите со верниците

January 7, 2023
1 min read

Православните христијани денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваа божикни литургии. Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Со литургијата во Соборниот храм чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а покрај големиот број граѓани, присуствуваа и претставници од јавниот и политичкиот живот.

Присутни беа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска…

Честитки до верниците по повод Божик испратија од државниот врв и од политичките партии.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џордан Питерсон одбива да биде превоспитуван и по цена да ја изгуби лиценцата

Следно

Во Бугарија се поизвесни се нови парламентарни избори

Latest from Blog

Во Собранието утре ќе пристигне предлог-закон за отворени листи и една изборна единица

Либерално демократстката партија утре до Собранието ќе достави Предлог-законот за отворени листи и една изборна единица во Македонија, но и за кандидирањето на независните пратеници. Портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски, рече дека

Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори

Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени избори за Парламентот, јави дописникот на МИА. Во Белград блокиран е Бранков

Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија

Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид. „Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот

Приведени двајца турски државјани сред Скопје, кај нив пронајдени куршуми

Денеска (01.06.2025) во 16.20  часот на бул. “Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода двајца турски државјани. Кај О.Ф.Т.(23) е пронајдена марихуана,

ЛДП утре повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Ќе стане ли Македонија една изборна единица? Предлог законот ЛДП утре ќе го поднесе во Собранието. Ова е трет пат како партијата предлага една изборна единица, откако истата беше одбиена во претходните
Go toTop