(ФОТО+ВИДЕО) Стотици илјади Полјаци ги преплавија улиците на Варшава на протестот против власта  

June 4, 2023
3 mins read

Денешниот марш беше организиран по повод одбележувањето на 34-годишнината од изборите во 1989 година, на кои победи синдикалното движење Солидарност, што се покажа како витален момент за ставање крај на комунистичкото владеење во Полска

Сепак, дополнителна искра за организација на денешниот протест на полската опозиција и даде неодамнешното усвојување на контроверзниот закон со кој беше формирана државна комисија за истрага на руското влијание на безбедноста на Полска. Законот и дава одвразни раце на комисијата да им забрани на луѓе да се кандидираат за јавна функција доколку се утврди дека биле или се под руско влијание. Законот, како што наведуваат медиумите е наречен „Лекс Туск“ (Lex Tusk), бидејќи нашироко се смета дека е насочен токму кон лидерот на опозицијата Доналд Туск во пресрет на изборите

Стотици илјади луѓе денеска маршираа низ центарот на полската престолнина Варшава, протестирајќи против десничарска популистичка влада предводена од партијата Право и правда. 

Поддржувачи и членови на полските опозициски партии на денешниот протест во Варшава/Фото: EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Според претставниците на опозицијата која го организираше протестот на улиците на Варшава излегле половина милион демонстранти, што претставува најголем ваков собир во последните 30 години, по падот на комунизмот. 

„Овде сме половина милион, тоа е рекорд“,     

рече поранешниот премиер на Полска и актуелен водач на опозицската групација Граѓанска платформа, Доналд Туск.

 Официјална потврда за големината на протестот нема, иако и градското собрание на Варшава исто така процени дека на него присуствувале 500 000 граѓани. Централните улици денеска беа преполни со демонстранти, како и градското метро со кое граѓани пристигаа во центарот на Варшава. Голем број луѓе вееја полски и знамиња на Европската Унија, во пркосно, но и празнично расположение, пренесува Гардијан дел од атмосферата на протестот.  

„Цела Полска, цела Европа и целиот свет гледа колку сме силни и како сме подготвени повторно да се бориме за демократија и слобода, како што правевме пред 30, 40 години“,

рече Туск во своето обраќање пред насобраните граѓани.   

Туск, кој во два мандати беше премиер на Полска – од 2007 до 2014 година, се врати во политичкиот живот во земјата по петгодишен мандат како претседател на Европскиот совет. 

Лидерот на главната опозициска партија Граѓанска платформа и поранешен премиер на Полска, Доналд Туск (во средината)/Фото: EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK POLAND OUT

 Денешниот марш беше организиран по повод одбележувањето на 34-годишнината од изборите во 1989 година, на кои победи синдикалното движење Солидарност, што се покажа како витален момент за ставање крај на комунистичкото владеење во Полска. 

 Иако повикот за протестот дојде од Граѓанската платформа на Туск, маршот собра бројни опозициски групи, а транспарентите меѓу толпата повикуваа на сè, од правата на ЛГБТ до барањата на синдикатите. 

 „Пред 34 години бевме сите заедно и имаше чувство на заедништво, и мораме да го вратиме ова чувство за заедница и да го трансформираме нашиот гнев во сила“,

рече Рафал Трзасковски, либералниот градоначалник на Варшава, пренесува Гардијан. 

И покрај тоа што маршеви беа организирани во повеќе градови низ Полска, многу луѓе од целата земја отпатуваа во Варшава за да бидат дел од главниот марш. 

Присутен на митингот беше и Лех Валенса, работникот на бродоградилиште кој стана  водач на движењето Солидарност, а подоцна и претседател на Полска. Тој сега е жесток критичар на владејчката партија на Право и правда. 

Инаку, дополнителна искра за организација на денешниот протест на полската опозиција и даде неодамнешното усвојување на контроверзниот закон со кој беше формирана државна комисија за истрага на руското влијание на безбедноста на Полска. Законот и дава одвразни раце на комисијата да им забрани на луѓе да се кандидираат за јавна функција доколку се утврди дека биле или се под руско влијание. Законот, како што наведуваат медиумите е наречен „Лекс Туск“ (Lex Tusk), бидејќи нашироко се смета дека е насочен токму кон лидерот на опозицијата. 

Поддржувачи и членови со огромно знаме на Полска/Фото: EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Законот беше потпишан од претседателот Анджеј Дуда минатата недела, иако тој речиси веднаш предложи негови измени по бурнитекритики дека е неуставен и дека претставува изговор за започнување на „политички лов на вештерки“. 

„Законот е против Туск, но сите ние можеме да бидеме цел на овој закон, бидејќи тие нема да се двоумат да го употребат против никого…Тоа е кулминација на авторитарниот систем што владее во Полска во последните осум години. Сега сме на раскрсница помеѓу авторитарна и демократска земја“,

рече адвокатката и активистка за права Силвија Грегорчик-Абрам пред денешниот собир. 

Од Право и правда го осуди собирот нарекувајќи го „марш на омразата“, пренесува Би-би-си. 

Пред настанот од владејачката партија ги обвинија организаторите за лицемерие, објавувајќи видео на Твитер со сцени на полициска бруталност и насилство врз медиумите за време на премиерскиот мандат на Туск.  

Партијата Право и правда дојде на власт во 2015 година, оттогаш спроведе низа конторверзни законски решенија во земјата кои според критичарите ги еродираат демократските норми, ја гушат независноста на судството. Партијата, исто така започна кампањи против ЛГБТ заедницата и репродуктивните права на жените што предзвика бурни реакции во полското општество, но и во Европската Унија.  

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јане Теохаревски гостин на Градот на европската култура за 2023 година – Темишвар

Следно

Брнабиќ вели дека е подготвена да си поднесе оставка, но претседателот Вучиќ не ѝ дозволува

Latest from Blog

Ирански генерал загина во судирите меѓу режимот на Асад и антирежимските групи во Алепо и Идлиб

Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу. Според веста на иранската

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон. На средбата
Go toTop