(ФОТО+ВИДЕО) Пендаровски пристигна во Пустец, добредојде му посака албанскиот претседател Бегај

July 23, 2023
1 min read

Шефот на државата и првата дама беа пречекани во центарот на Пустец од страна на албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда Бегај. Во чест на посетата на двајцата претседатели, потоа следуваше церемонија за добредојде проследена со кратка културно-уметничка програма во изведба на локални уметници

Претседателот Стево Пендаровски, во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, утринава пристигна во Општина Пустец во рамки на еднодневната посета на Република Албанија.

Фото: „360 степени“

Шефот на државата и првата дама беа пречекани во центарот на Пустец од страна на албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда Бегај, како и од градоначалникот Пали Колефски и локалните власти.

Фото: „360 степени“

Во чест на посетата на двајцата претседатели, потоа следуваше церемонија за добредојде проследена со кратка културно-уметничка програма во изведба на локални уметници од Пустец.

Фото: „360 степени“

По кусата церемонија за добредојде, претседателот и неговата сопруга продолжија во посета на црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец.

Фото: „360 степени“
Фото: „360 степени“

Следно на агендата на претседателот ќе биде средба со локалните власти и посета на црквата и посета на училиштето во Пустец, по што ќе следи заедничка изјава за медиуми на двајцата претседатели.

Шефот на државата ќе го посети и селото Голомбок, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Во Пустец, Пендаровски ќе се сретне и со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Поградец каде што исто така ќе има средба со локалните власти.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големи поплави во источна Канада – исчезнати четири лица, меѓу кои две деца

Следно

Глобален медиумски форум во Шуша, Азербејџан: Дискутирано за проблемите со кои се соочуваат медиумите

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop