(ФОТО+ВИДЕО) Голем пожар во Далмација, зафатени куќи и автомобили

July 13, 2023
1 min read

Хрватските медиуми јавуваат дека огнот се гаси со 150 пожарникари и со седум авиони. Полесно се повредени четири лица, тројца пожарникари и еден граѓанин, за кои пожарникарите тврдат дека доброволно дошол во зоната за гаснење пожар за да го следи и да го снима гасењето

Голем пожар беснее во Далмација со кој пожарникарите се борат со часови. Гори во Гребаштица кај Шибеник, а силниот ветер во текот на денот го отежнувал гасењето, јавува ХРТ.

Изгореа автомобили, а пожарот стигна и до куќи, поради што дел од населението е евакуирано.

фото: hrt.hr

Хрватските медиуми јавуваат дека огнот се гаси со 150 пожарникари и со седум авиони.

Пожарот од Гребаштица е отстранет во текот на попладневните часови, но се шири по ридовите кон Примоштен, јави Indeks.hr.

Полесно се повредени четири лица – тројца пожарникари и еден граѓанин, за кого пожарникарите тврдат дека доброволно дошол во зоната наа пожарот, за да го следи и да го снима гасењето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер сака да го затвори трансефрот со Онана до утре, Манчестер јунајтед ќе плати околу 55 милиони евра за голманот

Следно

Македонија ЃП загуби од РФС

Latest from Blog

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop