(ФОТО+ВИДЕО) Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори во Турција

May 28, 2023
1 min read

Откако пееше качен на автобус, актуелниот турски претседател ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“

Да даде Бог, ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во последните 21 година – им порача Ердоган на своите подджувачи, кои се собраа пред неговата резиденција во Истанбул славејќи ја победата на Ердоган во вториот круг од претседателските избори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој според досегашните изборни резултати најверојатно ќе освои уште еден претседателски мандат, прогласи победа во вториот круг од изборите во Турција.

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Иако официјалните резултати од вториот круг на претседателските избори сè уште не се објавени, Ердоган вечерва им се обрати на своите приврзаници, кои во голем број се собраа пред неговата резиденција во Истанбул, заблагодарувајќи им се што му ја дале одговорноста да владее во следните пет години.

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Откако пееше качен на автобус, тој ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“.

Да даде Бог, ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во последните 21 година – им порача турскиот претседател на своите подджувачи, кои веќе ја слават неговата победа.

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Порча дека единствен победник е Турција и им се заблагодари на граѓаните што гласале за него.

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори во корист на нашата нација. Единствениот победник на овие избори е Турција – победија сите 85 милиони луѓе во нашата земја. Вашата волја стана турска сила, неуништива сила“,

рече Ердоган во своето обраќање до поддржувачите во Истанбул.

Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган води пред неговиот противкандидат – опозиционерот Кемал Каличдароглу, според досегашните прелиминарни официјални резултати од вториот круг на претседателските избори.

Според досегашните официјални резултати и пребројани околу 75,4 отсто од вкупниот број гласови, Ердоган води со 53,4 отсто од гласовите наспроти Киличдароглу со освоени 46,5 проценти.

Во меѓувреме, турскиот весник „Хабертурк“ и новинската агенција Анадолија објавија дека според неофицијално обработени 99,3 отсто од вкупниот број на гласови, Ердоган води со освоени 52 проценти наспроти неговиот опонент Киличдароглу кој има освоено 47,9 отсто од гласовите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Покетино и официјално нов тренер на Челси

Следно

Макрон со честитка до Ердоган за реизборот: „Ќе продолжиме да одиме напред заедно“

Latest from Blog

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал

Нов случај на руска шпионажа откриен во Шведска

Тој е обвинет дека им нудел на руските разузнавачки служби строго доверливи информации што ги добил за време на неговата работа со шведските вооружени сили, објавува „Киев пост“. Според канцеларијата на шведскиот

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Трипуновски, “За” гласаа само 21 од пратениците

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, против беа 62, додека воздржани немаше. Иницијативата за интерпелација беше поднесена

Мечот Англија – Костарика засега е одложен

Поради исклучително лошо време, врнежи и грмотевици, пријателскиот меч помеѓу репрезентациите на Англија и Костарика кој што вечерва треба да се одигра во Орландо, САД, засега е одложен. Поточно, од англиската федерација
Go toTop