(ФОТО+ВИДЕО) Бели рози, солзи, аплауз, но и навреди кон Вучиќ на натпреварот Партизан – Реал во Белград

May 4, 2023
1 min read

„Вклучи го мозокот – исклучи ја Пинк“, пишувало на транспарентот против провладината телевизија, а по кој следел аплауз и навреди кон претседателот, јавува „Нова.рс“

Кошаркарите на Партизан и Реал вечерва во „Штарк арената“ во Белград ги одмеруваат силите во четвртиот меч од плеј-оф фазата во Евролигата, но целиот натпревар тече во секна на вчерашниот масакр што се случи вчера во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во кој 13-годишен ученик уби девет лица – чуварот и осум ученици.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Наместо вообичаената атмосфера, вечерва трибините се полнеа во тишина. Пред натпреварот, кошаркарите запалија свеќи, носеа маици на кои е испишано името на училиштето, а бројни граѓани донесоа кадифени играчки и цвеќиња.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Навивачката група Гробари одлучи да не навива во првото полувреме, а на почетокот на мечот, од трибините беа фрлени илјадници рози кон теренот. Голем број од навивачите беа во солзи, а имаше и громогласен аплауз.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Пред судијата да означи старт на натпреварот, имаше и едноминутен молк.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Гробари имаа и неколку транспаренти.

„Оддалечувањето од традицијата, верата, семејството, секогаш оставаат трагични последици. Спокој на душите на настраданите во училиштето ’Владислав Рибникар‘“,

пишувало на еден од нив, пренесува „Новости.рс“.

Порталот „Нова.рс“, јавува дека еден од транспарентите бил насочен и против провладината телевизија Пинк, а навивачите го покажале во текот на второто полувреме.

„Вклучи го мозокот – исклучи ја Пинк“, пишувало на транспарентот.

По ова, пренесува порталот, следеле аплаузи за развиорениот транспарент, а на тоа се надоврзале и навреди упатени на адреса на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Деко меѓу кандидатите за спортски директор на Барселона

Следно

Шпанскиот фудбал се врати на приходите од пред пандемијата на коронавирусот

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop