Деко меѓу кандидатите за спортски директор на Барселона

May 4, 2023
1 min read

Поранешниот португалски репрезентативец Деко (45) е еден од кандидатите за нов спортски директор на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, пренесуваат денеска медиумите.

Барселона неодамна објави дека досегашниот спортски директор Матеу Алеману на 30 јуни заминува од „Кам Ноу“, една година пред истек на договорот, со цел да се пресели во премиерлигашот Астон Вила.

Шпанските медиуми наведуваат дека неговото место во Барселона треба да го наследи Деко, кој од 2004 до 2008 година го носеше дресот на каталонскиот клуб.

Деко, кој е роден во Бразил, по завршување на кариерата во 2014 година ја основаше агенцијата „D20 Sports Management“ и, според медиумите, неговата работа како агент би можело да претставува проблем да се пресели во Барселона поради конфликт на инетерси.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Момчето кое го изврши масакрот во Белград е негативно на тестот за дрога

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Бели рози, солзи, аплауз, но и навреди кон Вучиќ на натпреварот Партизан – Реал во Белград

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop