(ФОТО+ВИДЕО) Актерот Кевин Спејси прогласен за невин по обвиненијата за сексуални напади

July 26, 2023
2 mins read

Спејси, како што пренесува Би-би-си, емотивно ја доживеал пресудата на лондонскиот суд. Тој, плачел додека во судот се читале пресудите, по што уследила прегратка на неговиот менаџер и на адвокатскиот тим. Претходно холивудската ѕвезда, која токму денеска  полни 64 години, ги отфрли обвинувањата за сексуален напад на четворица мажи, кои опфаќаа седум точки од обвинението. Наводните жртви кои го обвинија актерот за сексуален напад сега, како што пишуваат медиумите, се на возраст од 30 до 40 години, а инцидентите за кои ги изнесоа своите тврдења се случиле помеѓу 2001 и 2013 година

Холивудскиот актер награден со Оскар, Кевин Спејси денеска е прогласен за навин по сите девет точки од обвинението за сексуален напад во судскиот процес што се водеше против него во лондонскиот суд Саутварк краун (South Crown), јавуваат светските медиуми.  

Момент од пристигнување на американскиот актер денеска пред судот во Лондон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Претходно холивудската ѕвезда, која токму денеска  полни 64 години, ги отфрли обвинувањата за сексуален напад на четворица мажи, кои опфаќаа седум точки од обвинението.   

Спејси, како што пренесува Би-би-си, емотивно ја доживеал пресудата на лондонскиот суд. Тој, плачел додека во судот се читале пресудите, по што уследила прегратка на неговиот менаџер и на адвокатскиот тим. 

Актерот пред бројните новинарски екипи по излегувањето од судот рече дека е многу благодарен на поротата што одвоила време внимателно да ги испита сите докази и факти пред да донесе конечна одлука.  

Спејси во кратката изјава пред судот им се заблагодари на вработените во судската зграда, обезбедувањето и неговиот адвокатски тим и изјави дека тоа е сè што има да каже. Тој си заминал од пред судот без да острави простор за прашања од новинарите.  

Инаку, наводните жртви кои го обвинија актерот за секусален напад сега, како што пишуваат медиумите, се на возраст од 30 до 40 години, а инцидентите за кои ги изнесоа своите тврдења се случиле помеѓу 2001 и 2013 година. Сепак , нивниот идентитет, можеби никогаш нема да се дознае, бидејќи сите четири лица кои го обвинија Спејси имаат право на доживотна анонимност.  

Инаку, обвинителите пред поротата, меѓу другото, во текот на постапката навеле дека холивудската ѕвезда ги оставила четворицата тужители во  состојба во која се чувстувале „мали, ништожни и безвредни“. 

Спејси ги негираше тврдењата дека ја користел својата моќ како актер од А-листата за да принуди луѓето на сексуален однос, велејќи дека се обидел да им помогне на другите. Тој ги опиша наводите против него како „нож во грб“. 

Актерот Кевин Спејси дава кратка изјава за медиумите по изрекувањето на пресудата и излегувањето од судот / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

За време рочиштата во лондонскиот суд, кои траеја речиси четири недели, адвокатот на одбраната на актерот, Патрик Гибс рече дека на Спејси му „суделе социјалните мрежи“. 

Тој рече дека тројца од четворицата тужители лажеле кога ги изнеле обвинувањата против Спејси и тоа го направиле „од причини кои, на крајот, само тие ќе ги знаат“. За четвртиот тужител, адвокатот навел дека бил пијан. 

„Не е кривично дело да сакаш секс, дури и ако си познат, и не е кривично дело да имаш секс, дури и ако си познат, и не е кривично дело да имаш секс без обврски. И не е кривично дело да имаш секс со лице од ист пол затоа што е 2023 година, а не 1823 година“,  

рекол бранителот на актерот за време на судењето.

Од обвинителството по пресудата соопштиле дека обвинителите кои постапувале во слуачјот ја почитуваат одлуката на поротата да го прогласи Кевин Спејси за невин.  

Портпаролот на обвинителството изјави дека нивната функција не е да одлучуваат дали некое лице е виновно за кривично дело, туку да даваат правични, независни и објективни оценки дали обвинението е оправдано. „ 

„Улогата на поротата е да ги разгледа обвиненијата и ние ја почитуваме одлуката на судот“,

рекол портпаролот.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Не може да има избори пред деескалација на ситуацијата на северот на Косово

Следно

Баерн настрада од М. Сити и на пријателска средба! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Засилени активности за уредување на градот

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информира дека во изминатиот период е извршено комплетно и темелно чистење на улицата „Тризла“, во рамки на редовните активности за одржување на јавната хигиена. Со подобрувањето

ОАЕ: Напад со дронови од Иран предизвика пожар во француска поморска база во Абу Даби(видео)

„Специјализирани тимови денеска реагираа на инцидент што произлезе од напад на два ирански дрона врз магацин во поморската база Ал Салам во Абу Даби. Нападот предизвикал пожар во два контејнери со општи

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е Ајатолахот, а ти неговиот прв проповедник?

Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите

Весникот „Илинден“ слави 15 години – симбол на македонскиот идентитет во Албанија

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник “Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник “Илинден“ е весник на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Македонскиот весник “Илинден“
Go toTop