(ФОТО) Трамп пред пристигнувањето на суд: Одам во Вашингтон за да бидам уапсен, тоа е чест

August 3, 2023
2 mins read

Поранешниот американски претседател кон Вашингтон се упати со неговиот приватен авион од типот „боинг 757“ на кој со златни букви е испишано „Trump“ и го носи прекарот „Trump force one“ (наспроти официјалниот авион на американскиот претседател кој го носи прекарот „Air force one), што, како што коментира „Би-би-си“, одговара на неговиот стил

Одам во Вашингтон за да ме уапсат затоа што се спротивставив на корумпираните, наместени и украдени избори, напиша поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата социјална платформа. Објавата дојде во пресрет на неговото пристигнување пред федералниот суд во Вашингтон каде ќе се соочи со обвинението за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година.  

Трамп се качува во неговиот приватен авион со кој од Њу Џерси замина во Вашингтон: EPA-EFE/JUSTIN LANE BEST QUALITY AVAILABLE

„Почестен сум затоа што ќе ме уапсат поради вас. Ајде да ја направиме Америка повторно голема!“,

пишува Трамп во објавата.  

Објавата на Трамп / Принтскрин

Поранешниот американски претседател кон Вашингтон се упати со неговиот приватен авион од типот „боинг 757“ на кој со златни букви е испишано „Trump force one“, (наспроти официјалниот авион на американскиот претседател кој го носи прекарот „Air force one), што, како што коментира „Би-би-си“, одговара на неговиот стил. Трамп доцна попладнево полета од аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси и по едночасовен лет пристигна на аеродромот Роналд Реган во Вашингтон.  

Летот на Трамп од Њу Џерси до Вашингтон се следеше во живо / Фото: Принтскрин Би-би-си

Инаку, самата зграда на судот пред кој треба да се појави порашниот претседател е на 15 минути пешачење од скалите Капитол, каде се случија настаните на 6 јануари 2021 година за кои е обвинет.  

Пред заминувањето во Вашинготн тој упати и обвинувања кон актуелниот американски претседател Џо Бајден и неговото семејство, а за судскиот процес наведе дека се одржува на „неправедно место“ и кај „неправеден судија“. 

 „Бајден и неговото семејство крадат милиони и милиони долари, вклучително и поткуп од странски земји, а јас одам во Вашингтон за да бидам уапсен за наместени избори. Неправедно место. Неправеден судија. Ние сме нација во пропаѓање!!!“,

напиша Трамп на неговата социјална платформа „Truth social“.

Објавата на Трамп со обвинувањата до американскиот претседател Џо Бајден и неговото семејство / Принтскрин

Поради судското рочиште, денеска обезбедувањето во Вашингтон е подигнато на повисоко ниво, бидејќи освен бројните новинарски екипи, пред федералниот суд се присутни и негови поддржувачи.

Поддржувачи на Трамп пред зградата на федералниот суд во Вашингтон / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Трамп веќе се соочува со два други кривични случаи додека тој води кампања за Белата куќа за догодина. Но, случајот поврзан со изборниот процес се смета за најсериозен од сите.

Во обвинението тој се соочува со четири точки вклучувајќи заговор за измама на САД, манипулација со сведок и заговор против правата на граѓаните.

Доналд Трамп е првиот и досега единствениот поранешен претседател на САД кој се соочува со кривични постапки.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Шкупи“ вторпат поразен од „Левски“

Следно

„Тажен ден за Америка“, порача Трамп на заминување од судот во Вашингтон, каде се изјасни за невин

Latest from Blog

9 години стои само карабина – 2025-та ново ветување за објектите двата факултети на УКИМ

Изградени се до фаза на карабина и со години стојат така. Никако да се завршат двата објекти предвидени за факултети во Скопје. „Изградбата на објектите на факултетите на УКИМ започна во 2015

[Видео] Лазар Аврамовски и новата димензија на „Седна баба да вечера“ која нема да ве остави рамнодушни

Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“, хумористичната народна песна, со што ѝ откри една

Талески: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и одговараат тензиите за да ги избегнат клучните теми за кои ги лажеа граѓаните

СДСМ ги осудува настаните кои се случија на денот на албанското знаме, но она што го одбележа овој настан е жалниот привид што го видовме од премиерот Христијан Мицковски и министерот Панче

Јаневска: Светска банка препознава дека образованието е владин приоритет и ќе продолжи да помага во неговиот развој

Исклучително е важна поддршката која Македонија ја добива од Светската банка за да го подобри квалитетот на образованието и да го зајакне овој клучен столб на севкупниот општествено економски развој. Благодарни сме

Германската војска отпуштила 62 војници поради врски со екстремната десница

Германските вооружени сили минатата година отпуштиле 62 војници поради активности и изјави поврзани со екстремната десница, соопштија денеска официјални лица, пренесува Анадолија. Меѓу отпуштените се 41 војник, 11 подофицери и 10 офицери,
Go toTop