(ФОТО) Шестмина членови на криминална група досега обвинети за случајот со „камионот ковчег“ во Бугарија

February 18, 2023
2 mins read

Според бугарските истражни органи, крајната дестинација на мигрантите се главно Велика Британија, Германија и Франција. За транспортот плаќаат околу 6-7 илјади евра. Дел од оваа сума земаат и бугарските канал-оператори. Возачите добиваат само 100 евра по превезен мигрант. Организаторот наплаќал помеѓу 500 и 1 000 евра по лице. Групата сама ги подготвувала скривниците во камионите кои биле обложувани со фолија која не дозволува рендгенските зраци од уредите на царинските служби да ја детектираат топлината на телата на лицата што се превезуваат, пишува БНТ

Бугарските истражни органи до овој момент поднесоа обвиненија против шестмина членови на организирана криминална група одговорна за смртта на 18 мигранти – авганистански државјани кои вчера беа пронајдени мртви во камион во близина на село во Бугарија. Меѓу обвинетите за случајот кој бугарските медиуми го нарекоа „камион ковчег“ е организаторот на групата на кого му е одреден 72-часовен притвор, соопштија денеска претставници на бугарското обвинителство.  

Камионот во кој беа пронајдени телата на 18 мигранти од Авганистан/Фото: БНТ

Двајца од обвинетите – возачот и неговиот помошник се обвинети за предизвикување смрт од невнимние на повеќе од едно лице, пренесува бугарската национална телевизија (БНТ) 

По еден член на криминалната група сè уште се трага и по него е распишана меѓународна потерница бидејќи, според истражните органи, тој вчера ја напуштил Бугарија откако веста за случајот беше објавена во медиумите.  

Ова на заедничката прес-конференција денеска го истакнаа Борислав Сарафов, заменик-главен обвинител за истрага, Христо Крастев, портпарол на софиското обвинителство, и Асен Меџидиев, в. д. министер за здравство. На брифингот учествуваше и главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев. 

Според резултатите од истрагата, мигрантите починале како последица од задушување поради стискање и туркање во скривалиштето на камионот. Тие починале бавно и болно. 

Гешев на почетокот на брифингот изјави дека вчера Бугарија повторно станала дел од црната статистика на Европа. Тој во оваа прилика упати и критики до бугарските институции и обвини поранешни функционери за нивното уништување, пренесува БНТ.  

Момент од прес-конференцијата на претставниците на бугарските истражни органи/Фото: БНТ

 „Она што го видовме – овие 18 мртви млади луѓе и многу други жртви, се резултат на распадот на институциите, на војната меѓу институциите, на уништувањето на МВР од страна на поранешен министер за внатрешни работи, на одредени т.н. наречени политички одлуки кои некои ги нарекуваат реформи во правосудството. Го затворија најсериозното средство за борба против организираниот криминал – специјализираното обвинителство. Резултатите се видливи“,  

рече Гешев и праша дали некој ќе им се извини на бугарските граѓани за тоа.

Во изминатите 24 часа, како што соопшти Сарафов, биле направени десетици разговори со сведоци, извршени биле над 20 претреси и биле издадени над 30 наредби за вештачења и за дел од нив резултатите се веќе готови. Назначени се над 30 вештачења, а резултатите од некои од нив се веќе готови. 

 „За 24 часа успеавме да ја утврдиме целата криминална активност на оваа група“,

рече Сарафов. 

 Според него, истрагата била насочена не само на околностите за смртта на мигрантите туку и на откривање и документирање на активностите на криминалната група која го вршела транспортот на мигрантите.  

 „Станува збор за организирана криминална група која врши траснпорт со преземање мигранти од границата со Турција, која многу лесно се минува, а потоа преку разни средства ги пренесува до подрачјето околу границата со Србија.  Точните локации каде да се земат мигрантите и каде да се однесат, шефот на групата ги добива од апликацијата ‘Телеграм’“,  

рече Сарафов.

Напуштениот камион беше пронајден во близина на селото Локорско во околината на Софија/Фото: БНТ

Крајната дестинација на мигрантите се главно Велика Британија, Германија и Франција. За нивното поминување плаќаат околу 6-7 илјади евра. Дел од оваа сума земаат и бугарските канал-оператори. Возачите добиваат само 100 евра по превезен мигрант. Менаџерот наплаќал помеѓу 500 и 1 000 евра по лице. Групата сама ги подготвувала скривниците во камионите кои биле обложувани со фолија која не дозволува рендгенските зраци од уредите на царинските служби да ја детектираат топлината на телата на лицата што се превезуваат.  

Бугарското Министерство за внатрешни работи вчера информираше дека во напуштен камион во бугарското село Локорско, во околината на Софија, се пронајдени тела на осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете. 

Камионот бил натоварен со 52 мигранти од Авганистан. Тие биле набиени во засолниште изградено на дното на возилото. Во случајот се повредени 34 други лица меѓу кои и пет деца. Тие биле пронајдени прегладнети, влажни и премрзнати, по што веднаш биле хоспитализирани.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КУЛМИНИРА РЕВОЛТОТ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ – во среда излегуваат на протест!

Следно

Има приказни кои не се завршени – една фотографија, илјада солзи наместо зборови (ФОТО)

Latest from Blog

Познати се пораките што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во тужбата против Балдони (ВИДЕО)

Спорот настанал околу филмот „It Ends With Us“, во кој двајцата глумат, а Лајвли поднесе тужба против нејзината колешка и режисер за сексуално вознемирување и клевета, објави LADbible. Позадина на правниот спор

ПОТРОШУВАЧИТЕ ЈА КАЗНИЈА „МИЛКА“ – измама на годината во Германија

Хамбуршкиот центар за заштита на потрошувачите ја прогласи алпската млечна чоколада „Милка“ за „Измама со амбалажа за 2025 година“, за што гласаа дури 66,7 отсто, односно две третини од гласачите. „Милка“ ја

Грилиш е потешко повреден

По се изгледа дека искуснито Џек Грилиш кој што во моментов е член на тимот на Евертон е потешко повреден и ќе мора да паузира неколку месеци. Се стравува дека доживеа фрактура
Go toTop