(ФОТО) Револт на српски пратеници: Извадија транспаренти „Што е смешно“ кога почна говорот на Брнабиќ

May 18, 2023
1 min read

Пратениците преку транспаренти ја прашаа премиерката што е смешно покажувајќи ја фотографијата што таа ја објави со Вучиќ и Мали и со која се исмеваше со масовните протести

Фото: Принтскрин / РТС 2

Група пратеници од неколку опозициски партии во парламентот на Србија, стана и извади транспаренти во моментот кога премиерката Ана Брнабиќ почна да говори на собраниска седница.

На транспарентите беше испечатена фотографијата (селфи) на Брнабиќ со претседателот Александар Вучиќ и министерот за финансии Синиша Мали со која таа на социјалните мрежи се исмеваше со протестите „Србија против насилството“.

Како што пренесува Н1 ТВ, револтот пратениците го искажаа за време на седница на која се разгледува извештајот на Владата за трагичните настани во Србија, извештајот на Регулаторното тело за електронски медиуми за кое демонстраторите бараа смена на членовите, а меѓу точките на седницата е и иницијативата за формирање анкетна комисија во парламентот за масовните убиства, како и смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

По двата масакри, во Белград се одржаа два протести (на 8 и 12 мај) организирани од дел од опозицијата. Протестите имаа масовна посетеност додека власта тврдеше дека биле малубројни.

За време на вториот протест на 12 мај, за кој се проценува дека бил најмасовниот во последните 10 години во Србија, премиерката објави фотографија со Вучиќ и Мали на која со фотомонтажа тројцата беа прикажани по три пати. Покрај фотомонтажата Брнабиќ напиша и коментар: „Нè има ногу повеќе од минатиот пат. Уште малку па ќе идеме на ’Газела‘“ („Газела“ е еден од најпознатите мостови во Белград и една од најважните сообраќајници и беше блокирана за време на протестот).

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Изложба на реномираниот македонски ликовен уметник Владимир Георгиевски вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци

Следно

Расте бројот на жртви во Италија: Поплавите однесоа 13 животи и иселија 13 000 луѓе

Latest from Blog

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop