(ФОТО) Откорнати дрвја во невремето во Скопје, едно падна врз автомобил во движење

July 1, 2023
1 min read

Засега нема пријави за повредени граѓани во невремето кое со пороен дожд и силен ветер го зафати главниот град нешто пред 16 часот попладнево

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за паднати дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, како резултат на краткото, но силно невреме кое попладнево ја зафати скопската котлина.

„Едно од дрвјата, во населба Мичурин во Аеродром падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење“,

информираат од ЦУК.

Претходно, дел од медиумите објавија дека како последица на невремето има паднато дрво и на улицата „Симеон Кавракиров“ во близина на Транспортниот центар.

Засега нема пријави за повредени граѓани во невремето кое со пороен дожд и силен ветер го зафати главниот град нешто пред 16 часот попладнево.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претходно денеска најави дека во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени места, прогнозира УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. 

Нестабилно време со локален пороен дожд нѐ очекува и утре.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

НЕ САКАВ ДА УЧАМ НА ФДУ КАЈ ТАТКО МИ, ОТИ СМЕТАВ ДЕКА ТРЕБА САМ ДА СИ ГО ГРАДАМ ПАТОТ, ВЕЛИ ГЛУМЕЦОТ ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ

Следно

Турам и официјално потпиша за Интер

Latest from Blog

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.
Go toTop