(ФОТО) Обид за хуманост на некоја наша длабоко потресена сограѓанка

February 14, 2023
1 min read

На плоштадот „Македонија“ во Скопје изминатите дена се собираа донации за настраданите во Турција и Сирија по силните земјотреси, но волонтерите се револтирани поради тоа какви донации добиле од дел од граѓаните.

Најголемо внимание привлекоа сандалите и високите потпетици кои беа донирани за настраданото население. 

За ова свој ироничен коментар даде и актерката иактивистка Ирена Ристиќ. 

-Дека секоја генерализација е погрешна, дека ете, на пример, ние сме сиромави, но хумани, дека сме утепани, но со големо срце, дека сме стока со душа планина, докажува и овој обид за хуманост на некоја наша длабоко потресена сограѓанка…Без мозок! Без мозок! – напиша Ристиќ на својот фејсбук профил. 

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

За ПСЖ против Баерн ќе игра 16. годишно момче

Следно

Столтенберг: Путин не се подготвува за мир, туку за нови офанзиви – потребно е повеќе муниција и опрема за Украина

Latest from Blog

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото
Go toTop