ФОТО: Најстариот македонски ресторан во Велика Британија и во светот слави 45-годишен јубилеј

June 19, 2024
1 min read

Најстариот сѐ уште активен македонски ресторан вон границите на државата, „Вардар“ на Петре и Лорета Стојановски од Велика Британија, денеска слави 45 години постоење и непрекината работа.

„Денешниот свет е опседнат со храна и брз начин на живеење. Нови ресторани и концепти се отвораат преку ноќ и се затвораат многу брзо по нивното отворање. Статистиката ни дава податоци дека 60 отсто од рестораните не ја преживуваат првата година, додека пак, 80 насто не успеваат да опстојат подолго од пет години. Македонскиот ресторан ‘Вардар’ во гратчето Литлхемптон, Сасекс, Англија, им пркоси на овие статистики и опстојува цели 45 години, во средина во којашто никој не разбира што значи ова ‘чудно’ име кое тешко може да се прочита, а уште потешко и да се изговори“, се наведува во соопштението.

Ресторанот „Вардар“ можеби навистина е енигма за гастрономите, како што известува Гоце Дуртаноски, но Петре и Лорета имаат едноставен одговор за тајната на нивниот семеен бизнис: „Посветеност и љубов кон професијата, искреност и подготвеност да се исполнат желбите на гостите и квалитетна храна – е девизата од којашто никогаш не треба да се отстапува и што треба да биде мото за секој кој одлучил професионално да се занимава со гастрономија.“

Гостилницата почнала со работа на 19 јуни, далечната 1979 година, со цел претставување на македонската традиционална кујна „преку името на нашата најдолга река што претставува културен, традициски и духовен симбол на сите радости и страдања на Македонците во својата историја“, велат сопствениците.

Тимот на „Вардар“ го сочинуваат: Горан Митески, Тина Карафилоска, Лорета и Петре Стојановски.

Мајстор Петре, познат и како „македонскиот Пол Бокуз“ вели дека ресторанот е место на гости од три поколенија од Литлхамптон и соседните градови Вортинг, Чичестер и Арундел, а гости доаѓаат и од Брајтон и Лондон.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победа на Германија и пласман во осминафинале

Следно

Познато кога филмот на Бред Пит за Формула 1 ќе пристигне во кината

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop