(ФОТО) Изгорени животни во пожарите што беснеат во Грција

July 24, 2023
1 min read
Изгорени животни од пожарот во селото Асклипио на Родос, Грција ФОТО: EPA-EFE/LEFTERIS DAMIANIDIS

Животни настрадаа во пожарите на Родос кои денеска повторно земаат замав. Повеќе медиуми јавуваат дека се угинати елените од видот Дама-Дама, кој е заштитен вид и живее во чемпресова и борова шума.

Противпожарната бригада и волонтерите се борат да спречат пожарот да навлезе во селата Генади и Вати, во јужен Родос. Во областа се упатиле неколку противпожарни возила и доброволци, додека од противпожарните авиони се фрла вода. Одлучено е двете села да се евакуираат. Продолжува гасењето и во селото Асклипио, каде што утрово повторно се разгоре жариштето.

Странските медиуми јавуваат дека туроператорите денеска превезле повеќе од 2 000 туристи дома, што според грчката влада е најголемата евакуација што некогаш била преземена во земјата.

Повеќе летови за репатријација се најавени за денеска и утре бидејќи пожарите се надвор од контрола, а управата за цивилна заштита предупреди дека заканата од дополнителни пожари е голема во речиси секој дел на Грција зафатен од топлотен бран.

Сателитска снимка вдолж крајбрежјето на Киотари, Родос, Грција каде што гореа и хотели

Огнот денеска изгоре и дрвја и ниска вегетација во областа Киотари.

ФОТО: EPA-EFE/LEFTERIS DAMIANIDIS

Пожарите што горат од средата на Родос принудија вкупно 19 000 луѓе да ги напуштат домовите и хотелите во текот на викендот, бидејќи пеколот стигна до крајбрежните одморалишта на југоисточниот дел на островот. Шумски пожар доведе и до евакуација на островот Крф.

„Во следните неколку недели мораме да бидеме во постојана готовност. Во војна сме, ќе го обновиме она што го изгубивме, ќе ги обештетиме оние кои беа повредени“,

изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во парламентот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Фирмата од „аудито“ на Груби, со еден вработен, лани свртела 4,2 милиони евра

Следно

Антетокумпо со урнебесна порака до Ал Хилал: Земете ме мене, личам на Мбапе!

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop