(ФОТО) Илјадници граѓани во Белград и Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Врачар  

May 3, 2023
1 min read

На Врачар и на Цветниот плоштад, граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки. На плоштадот, пред училиштето и низ околните улици низ кои минуваа луѓето не се слушаше ништо – освен тишина, ја пренесуваат српските медиумите траорната атмосфера

Неколку стотици граѓани во средата вечерта се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар каде беа убиени осум ученици и еден вработен во обезбедувањето на училиштето. 

Луѓе оставаат цвеќе и палат свеќи во близина на училиштето „Владислав Рибрникар“/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На Цветниот плоштад, како што пренесува Н1, кој се наоѓа во близина на училиштето каде денеска наутро се случи трагедијата се собраа неколку илјади граѓани. 

На Врачар и на Цветниот плоштад, граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки.  

Почит на жртвите се оддаваше и на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде исто така излегоа голем број граѓани.  

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Меѓу неколкуте илјади луѓе кои се собраа на Цветниот плоштад имаше родители со деца, млади и ученици, видно вознемирени од трагедијата во училиштето во Врачар.  

На плоштадот, пред училиштето и низ околните улици низ кои минуваа луѓето не се слушаше ништо – освен тишина, ја пренесуваат српските медиумите траорната атмосфера. 

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дел од граѓаните, како што пренесува Н1, се упатиле и кон Министерството за образование каде се одржал краток протест, а насобраните извикувале „Оставка“.

Триенесетгодишниот К.К. ученик во „Владислав Рибникар, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и убид осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде на дел од нив се извршени оперативни зафати.  

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видео-игра или хорор-филм. 

Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.  

Од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Белград соопштија дека осомничениот не подлежи на кривична одговорност бидејќи станува збор за малолетник кој сè уште нема наполнето 14 години.  

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна прес-конференција меѓу другото рече дека до Владата ќе предложи 10 мерки, од кои една е да се ревиридира старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прва изјава на ученик чие име беше на списокот на Коста, но успеал да преживее

Следно

Ерлинг Халанд испиша историја во Премиер лигата

Latest from Blog

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop