[ФОТО ГАЛЕРИЈА] Скопје вчера беше театар, сцена за светлина, музика и танц

October 6, 2024
1 min read

Претставата “Сонот на Ербер“ е покана да патуваме и сонуваме. Публиката ја каниме една поетска и волшебна претстава каде што секој може да си замисли своја сопствена приказна. Претставата е намената за сите возрасти, за деца, за нивните родители па дури и нивните дедовци и баби. Комбинација од светлина, танц, музика, театар… префектна уметност на улиците на Скопје, а секако, кој не сака светлина, музика, танц и театар?- вели за Трн, Bastien ROLLY од „Кидам“.

Како дел од манифестацијата „Бела Ноќ“, Францускиот институт во Скопје во рамките на одбележувањето на 50 години од своето постоење, вчера вечер го организираше волшебниот уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“.

Големи фигури високи 4 метри. Величествени, во исто време, несмасни и воздушни, како да доаѓаат од друга планета и носат светлина во нив. На чудна и маѓепсувачка музика, спроведуваат магичен ритуал …Како намигнување на месечината. Како во сон!

-Претставата “Сонот на Ербер“ е покана да патуваме и сонуваме. Публиката ја каниме една поетска и волшебна претстава каде што секој може да си замисли своја сопствена приказна. Претставата е намената за сите возрасти, за деца, за нивните родители па дури и нивните дедовци и баби. Комбинација од светлина, танц, музика, театар… префектна уметност на улиците на Скопје, а секако, кој не сака светлина, музика, танц и театар? – вели за Трн, Bastien ROLLY од „Кидам“.

Театарската грурпа , објаснува тој, беше создадена во 1994 година од страна на Жан-Баптист Дипере кој замина во пензија пред две години.

-Тој ми направи чест и ме покани да го наследам на чело на театарската група заедно со двајца други уметници : Франсоаз Шапон и Венсан Борел. Во театарската група членуваат 27 уметници и техничари кои работат заедно со нас што ни овозможува да играме претстави симултано на повеќе места. Ние имаме во моментов репертоар со шест претстави. Ние даваме отприлика по 150 претстави секоја година во многу земји. Имаме настапувано во повеќе од 40 земји – објаснува Bastien. 

Спектаклот започна пред Музеј на град Скопје, во 20 часот а заврши на Плоштад „Карпошово востание“

„Сонот на Ербер“ беше вистински спектакал. Спој на танц и светлина. Музика и театар. Уметност на улиците на Скопје.

Во прилог е галеријата од синоќешниот настан

Адријана Георгиев за Трн.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БУКВАРИТЕ И ЧИТАНКИТЕ ГО ИЗГРАДИЛЕ ВКУСОТ НА ЧИТАТЕЛКИТЕ ВО 19. ВЕК, НАЈМНОГУ СЕ ЧИТАЛЕ МОЛИЕР, ТОЛСТОЈ, ПРЛИЧЕВ, ВЕЛИ ИСТРАЖУВАЧОТ КОВИЛОСКИ

Следно

Во Велес пожарникари извлекувале жена од срушена куќа – во Гостивар пак возило кое излетало во река

Latest from Blog

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело –

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, почит и заедништво

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Во честитката, од друштвото истакнуваат
Go toTop