(ФОТО) Амбасадорите на САД на Балканот се состанаа во Тирана: Прв собир од ваков тип на американските дипломати

April 14, 2023
1 min read

За состанокот на својот Твитер-налог се огласи и амбасадорката на САД во Тирана, Јури Ким објавувајќи дека се состанале да разговараат и да ги координираат приоритетите на САД на Балканот, како и оти се надева дека ова е само првиот ваков собир

Американските амбасадори во земјите од Балканот се собраа на состанок во Тирана што е прва ваква регионална конференција на шефовите на мисиите на САД во балканските држави.

Тие разговарале за приоритетите и активностите на САД во регионот, како и за регионалните и глобалните предизвици и борбата против корупцијата.

„Високи американски дипломати и амбасадори од регионот се собраа во Тирана на прва регионална конференција на шефовите на мисиите. Официјалните лица разговараа за регионалните и глобалните приоритети, вклучувајќи ја руската инвазија на Украина, енергетските можности, зајакнувањето на демократските институции и борбата против корупцијата“,

објави американската амбасада во Албанија.

За состанокот на својот Твитер-налог се огласи и амбасадорката на САД во Тирана, Јури Ким објавувајќи дека се состанале да разговараат и да ги координираат приоритетите на САД на Балканот, како и оти се надева дека ова е само првиот ваков собир.

Покрај амбасадорите, на состанокот присуствувале и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, кој деновиве беше во посета на неколку земји од регионот вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Од амбасадорите пак присутни биле: Кристофер Хил (американски амбасадор во Србија), Анџела Агелер (Северна Македонија, Марк Флеминг (Хрватска), Џуди Рајзинг Рајнке (Црна Гора), Џорџ Кунис (Грција), Кенет Мертен (Бугарија), Мајкл Марфи (БиХ) и Џефри Ховенијер (Косово).

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАД 50 ИЗДАВАЧИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА ОД 4 ДО 10 МАЈ

Следно

Полицијата апсеше за дрога во Кисела Вода, Гази Баба и Центар

Latest from Blog

Политички земјотрес во Израел: ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет и лидерот на најголемата опозициска партија, Јаир Лапид, објавија спојување на нивните две партии и заедничка кандидатура против Бенјамин Нетанјаху и неговата партија на изборите во 2028

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош во потрага по нивниот исчезнат роднина Горан Ременски. Според информациите, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот наутро.

Америка ќе користи вештачка интелигенција за управување со воздушниот сообраќај

Министерот за транспорт Шон Дафи потврди дека владата работи на интегрирање на софтверот за вештачка интелигенција во својот систем за управување со воздушниот сообраќај. Проект од 12 милијарди долари Дафи, кој некогаш

Малолетнички бракови: Изгубено детство, одземени шанси

Малолетничките бракови и неформалните заедници со малолетници во Македонија оставаат сериозни последици врз децата и нивните семејства. Често доведуваат до прекин на образованието, психолошки и здравствени ризици, нарушени семејни односи и економска
Go toTop