Фондот за здравство нема да го покрие третманот во странство на 19-годишниот Јани од Неготино

August 29, 2024
1 min read

Фондот за здравство нема да го покрие третманот во странска болница на 19-годишниот Јани Иванов од Неготино. Оттаму и денеска го повторија ставот дека тоа е рехабилитација, а законот не дозволува поинаку, освен Фондот да покрива рехабилитации само во земјава.

Ова доаѓа откако пред една недела, премиерот Мицкоски рече дека за случајот разговарал со новиот директор на Фондот Сашо Клековски и им вети на родителите дека состојбата ќе се реши. Од Фондот практично го потврдија она образложение, со кое родителите беа одбиени за државен третман во странство.

„Со Јани Иванов ќе се постапи исто како и со Леонид Индов, кој откако се врати од Виена, веќе е на рехабилитација во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во меѓувреме, набавена е нова опрема и квалитетот на рехабилитацијата е на повиоко ниво од претходно.“

Родителите на Јани се незадоволни од ваквиот епилог. Тие потсетуваат дека нивниот син веќе лежел во домашни институции и наместо да напредува, тој добил огромна декубитна рана на грбот од несоодветните душеци. Тоа било и причината да го однесат на третмани во соседна Грција. Сега, кога донациите, со кои се покриваше скапото лекување таму, се при крај, родителите стравуваат дека нивниот син ќе назадува во лекувањето, откако по третманите во болницата во грчка Лариса, 19-годишното момче почнало само да влегува во базен.

Пред две години, на плажа во Грција, Јани го повреди `рбетот и оттогаш е врзан за кревет. По речиси година и пол лежење во болница во грчка Лариса, каде што еден месец чини околу 10 илјади евра, младото момче во септември се враќа дома. Парите кои се собираа од донации секнуваат. Неговиот татко Васил не се помирува со ова и вели дека ќе направи се, неговиот син да го добие најдобриот третман.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаку нов играч на Наполи

Следно

Што стои зад посетата на Макрон на Србија?

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop