Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

December 11, 2023
1 min read

реклама


Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

реклама

„Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, како за компаниите така и за поединците, а особено за младите, чест е да се биде дел од една континуирана позитивна приказна на едукација, посветеност на науката и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Особено ни е драго што компанијата во изминатите 16 години е дел од успешната академска приказна на 659 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје, кои се додадена вредност на македонското здравство и фармација. Едукацијата во овие две сфери е од исклучителна важност, а процесите во нашата компанија бараат стручно профилирани кадри и особено ми е драго што досега 101 oд стипендираните студенти одлучиле својот професионален пат да го започнат во некој од нашите оддели, во кои своето знаење и капацитетите можат да ги демонстрираат со целосен потенцијал. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручни кадри и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес ‘Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација. Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

реклама

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ректорка поднела оставка во САД под притисок бидејќи ја бранела слободата на изразување во протестите против Израел

Следно

Премиерната изведба на претставата „Младоста последна умира“ во Лабораториум

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop