Фон дер Лајен: „Клучни се територијалниот интегритет на Сирија и заштитата на малцинствата“

December 9, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека територијалниот интегритет на Сирија е од клучно значење по падот на режимот на Башар ал Асад, известува Анадолу.

Таа истакна дека телефонски разговарала со јорданскиот крал Абдула Втори, а ќе разговара и со другите регионални лидери за најновите случувања.

Фон дер Лајен истакна дека од клучно значење се територијалниот интегритет на Сирија и заштитата на малцинствата.

„Со оглед на променливата ситуација, ние ќе останеме во близок контакт. Ќе разговарам и со другите регионални лидери денес и во наредните денови“, рече таа.

Во соопштението по падот на режимот на Асад, Европската унија (ЕУ) изјави дека е задоволна од ситуацијата и дека е подготвена да преземе улога во обновата на земјата, со зачувување на нејзиниот територијален интегритет.

Сирија веќе 13 години е сцена на граѓанска војна, а по период на релативно затишје, на 27 ноември повторно избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во руралните подрачја западно од Алепо.

Опозициските сили потоа започнаа молскавична офанзива и за десет дена ги освоија клучните градови, што заврши со вчерашното заземање на главниот град Дамаск.

Руското Министерство за надворешни работи во неделата објави дека самиот Башар ал Асад донел одлука да се повлече од власт и да ја напушти Сирија. Подоцна беше објавено дека Асад и неговото семејство пристигнале во Москва, а Русија им дала азил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕВН Македонија и Електродистрибуција се приклучија кон акцијата за зелена иднина „Сончева гора 2024“

Следно

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

Latest from Blog

Пет конфискувани станови на Груевски и земјиште на Мијалков излегуваат на пазар за речиси 3,5 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот отвори наддавање за луксузното портфолио на поранешниот премиер Никола Груевски: три станови на Водно по 200 m² со панорамски тераси се ценети по 850 000 евра,

Џамијата Ал-Бар од отоманската ера во Јафа стои како симбол на трајно наследство

СКОПЈЕ (АА) – Џамијата Ал-Бар, позната на Палестинците како Арус ал-Бар (Невеста на морето), останува едно од најистакнатите архитектонски наследства на Отоманската империја во крајбрежниот град Јафа, известува Анадолу. Изградена за време
Go toTop