Фока не сака да излезе од кафуле- сопственичката му нарача лосос: Мислев дека е куче (ВИДЕО)

December 5, 2025
1 min read

Во една дождлива, поспана неделна вечер, бебе фока влегло во кафулето и почнало да го истражува новиот терен, објавува АП.

„Сите бевме шокирани“

На гостите им е дозволено да носат домашни миленици во ова кафуле, па една од сопственичките, Бела Еванс, на почетокот помислила дека е куче.

Дури кога се приближила, сфатила дека гледа видливо изгубена, но љубопитна фока. Ова слатко суштество се скрило во тоалетот, а потоа и под машината за миење садови.

„Сите бевме шокирани. Не знаевме што да правиме“, рекла Бела.

Еден клиент се обидел да ја „придружи“ фоката до задната врата, но таа вешто ги избегнала сите негови обиди. Едноставно не излегувала.

„Персоналот реагирал одлично“

Потоа Бела смислила решение! Го повикала својот вереник и му рекла да донесе – филе од лосос.

Додека драмата се одвивала во кафулето, службениците од Одделот за заштита на природата интензивно барале младенче од фока, кое било видено претходно во блиска станбена област и на километри од брегот.

„Персоналот реагираше одлично и го чуваше животното безбедно додека не пристигнавме“, потврдија властите, додавајќи дека фоката подоцна била пуштена на остров.

Експертите објаснуваат дека ова е период кога младите фоки и морски лавови често талкаат и се појавуваат на исклучително необични локации – во куќи, на терени за голф или дури и на прометни патишта.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овиедо и Мајорка одиграа без голови

Следно

Облачно време со врнежи од дожд, магла во котлините

Latest from Blog

Хоџа-Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и идната билатерална

Поплави и лизгање на земјиштето во Нов Зеланд, во тек е потрагата по исчезнати лица!

Службите за итни случаи на Нов Зеланд бараат неколку лица, вклучувајќи и едно дете, за кои се верува дека се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето погоди камп во планината Маунгануи.
Go toTop