„Флип Бук Букс“ претставува еден поинаков градски пејзаж: Книжевно-графичката збирка „Скопско хаику“ од Александар Прокопиев и Маја Стефановска

December 14, 2023
1 min read

Во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс” излезе од печат двојазичното, македонско – англиско издание „Скопско хаику” од Александар Прокопиев и Маја Стефановска. Препевот на хаику поезијата на Прокопиев на англиски јазик е на британската поетеса, книжевна критичарка и есеистка Фиона Сампсон, а објавувањето на книгата е поддржано од Град Скопје.

„Збирката „Скопско хаику” е осмислена во духот на книжевно-графичките изданија. Тристишјата на Александар Прокопиев, заедно со експерименталните цртежи на Маја Стефановска произлегуваат од поетскиот канон на древната хаику и хаига традиција. Алузијата на годишните времиња, следењето на нивната мена, заедно со изострениот осет за ритамот на изненадувањето што го буди подзаспаното чувство за убавина, ја вообличува темата на вечното љубопитство во вербално-визуелна игра која на најдобар можен начин ја дополнува лапидарната дефиниција на двете изразни форми – а тоа е дека и хаику песната и хаига цртежот се израз на наситено естетско доживување што се случува насекаде, во секој миг, како што се случува сега и овде и со секое наредно отворање на оваа книга на апстрактни концепти кои можат да се осмислуваат и во возбудливоста на нивната обратна врска: како визуелни хаика – лирски хаига” – посочуваат од „Флип Бук Букс”.

Александар Прокопиев е прозаист, поет и есеист, еден од основоположниците на постмодернизмот во Македонија. Неговите дела се преведени на англиски, јапонски, арапски, германски, француски, полски, италијански, руски, украински, српски, бугарски и др. јазици

Маја Стефановска е академска сликарка во чие творештво се вбројуваат повеќе од седум самостојни изложби и учества во повеќе меѓународни проекти.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не се почнати преговорите со ЕУ поради корупцијата и невладеење на правото

Следно

Облачно со врнежи од дожд, ќе има и снег и ветер

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop