Флик за црвениот картон на Белингем: Покажа непочитување!

February 16, 2025
1 min read

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во пресрет на натпреварот со Рајо Ваљекано во понеделник од 21 часот на стадионот Луис Компаниас, кој е дел од 24-тото коло на Ла Лига ја прокоментира ситуацијата во која играчот на Реал Мадрид, Џуд Белингем синоќа доби црвен картон поради, наводно, пцуење на судијата.

-Тоа е непочитување во секоја ситуација. За мене е така, но јас не морам да одлучувам и тоа не е моја работа. Секогаш им велам на моите играчи дека трошат енергија во расправии со судиите. Имаме човек на теренот со право да разговара со судијата, кој е капитен. А вие треба да ја прифатите ситуацијата таква, каква што е. Во ракометот судијата свири и топката останува на земја и треба да се одбраниш. Треба да учиме од овој спорт, рече Флик.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

61. Минхенска безбедносна конференција заврши со „Растечка загриженост за безбедноста на Европа“

Следно

Граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина: „Најстрога казна за сторителот на убиството“

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop