Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба

May 15, 2024
1 min read

Претседателот на Владата на Република Словачка, Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите и стомакот откако излегол на улица, јавија словачките медиуми. Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка. Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава.

Обезбедувањето и полицијата притрчале да му помогнат, додека кај граѓаните кои бегале владеела општа паника. Обезбедувањето го внело Фицо во автомобил, потоа во хеликоптер и е пренесен во болница.

Фицо е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави.

Лицето кое пукаше кон Фицо е во притвор, јави ДПА повикувајќи се на словачката агенција ТАСР.

Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо, дојди ваму“.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Словачкиот премиер застрелан, итно префрлен во болница

Следно

Односите меѓу Атина и Скопје треба да се унапредуваат, а не да назадуваат

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop