Финска ја заврши првата НАТО-вежба како членка на Алијансата

April 14, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Финска соопшти дека со симболично приближување на германските и португалските бродови на пристаништето во Хелсинки ја заврши првата НАТО-вежба како членка на Алијансата, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди финската Морнарица.

Во соопштението се вели дека германскиот траект „ФГС Мекленбург-Ворпомерн“ и португалскиот траект „НРП Бартоломеј Диас“ во рамките на вежбата до 16 април ќе бидат закотвени во финскиот главен град Хелсинки.

Траектите, пред да се заковат во Хелсинки, учествуваа во вежбата реализирана од Крајбрежната флота на Финска заедно со три фински брода.

Се истакнува дека вежбата била реализирана во Финскиот Залив.

Со ова, Финска ја заврши првата НАТО-вежба како членка на Алијансата

Инаку, Финска на 4 април оваа година официјално стана 31. членка на НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лансирањето на првиот турски сателит за набљудување одложено за сабота

Следно

Повеќе од 1,5 милиони луѓе учествуваа во протестите во Франција

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop