Финансиските злоупотреби при изградбата на Тетовскиот театар стигнаа до Врховен суд: Во приватни џебови се одлеале над 13 милиони евра

May 1, 2025
1 min read

Предметот за злоупотребите при изградбата на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово, каде што неколку физички и правни лица незаконски профитирале над 13 милиони евра, моментално е во Врховниот суд, откако Тетовскиот суд побара поведување постапка за решавање на судирот на надлежностите, пишува Порталб.мк

Од Врховниот суд за  Порталб.мк потврдија дека е поднесена тужба во овој суд за решавање на судирот на надлежностите во врска со предметот за финансиските злоупотреби при изградбата на зградата на Театарот и библиотеката во Тетово.

„Во врска со поднесениот предлог, побарано е мислење од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, кое е доставено до овој суд на 28.04.2025 година, а предметот е распределен на еден судија“, соопштија од Врховниот суд.

Од овој суд додадоа дека ќе се постапува согласно утврдениот редослед на решавање на предметите во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Овој предмет првично беше во Скопскиот кривичен суд.

Потоа беше предаден на Тетовскиот суд, од каде што истиот според АКМИС системот му беше предаден на судијата Елведин Ферати.

Но, Судот во Тетово го предаде овој предмет во Врховниот суд со предлог за покренување на постапка за решавање на судирот на надлежностите.

Од Тетовскиот суд не открија за што точно станува збор.

Потсетуваме дека на 18 декември 2024 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице и предлог-обвинение против едно правно лице и три физички лица. Во периодот од 2014 до 2020 година, тие се осомничени дека оствариле голема материјална корист во износ од 832.983.064,00 денари (над 13 милиони евра).

„Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и врз основа на претходен договор со третообвинетиот Х.Ф., во тоа време директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ – Тетово и со четвртообвинетиот А.А. – претседател на Комисијата за јавни набавки, а подоцна и в.д. директор на Центарот за култура, свесно ги заобиколил прописите и правилата на постапката за доделување на договор за јавна набавка и ја злоупотребил својата службена положба и овластување. Со дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на истото кривично дело, обвинетите оствариле голема материјална корист за второобвинетиот правен субјект во износ од 832.983.064,00 денари“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Новата зграда на Театарот и библиотека во Тетово е ветена е веќе 15 години, додека изградбата започнала во последните 11 години. Работите постојано се одложуваат и не се очекува да завршат до предвидениот рок, кој беше до крајот на оваа година.

Извор: Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министрите јадат, народот плаќа – потрошиле 30.000 евра за четири месеци по ресторани

Следно

Кумановка со туѓа картичка си правела трансакции во казино!

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop