Финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани: Донесена програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија

February 17, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани.

Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регулаторната комисија за енергетика, предвидува комплексни мерки за олеснување на трошоците за енергија и подобрување на квалитетот на живот.

Програмата утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и згрижувачи на лица во социјален ризик. Секое од овие домаќинства, доколку ги исполнува критериумите, ќе може да добие субвенции за намалување на месечните трошоци за електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно.

Ослободувањето од дел од сметката за струја ќе се применува во текот на 12 месеци, а за оваа поддршка граѓаните ќе може да аплицираат со поднесување барање до Министерството. Јавниот оглас за пријавување ќе биде објавен наскоро на официјалната веб-страница на Министерството www.energy.gov.mk, како и во два дневни весника.

Програмата е донесена на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а вкупниот буџет за нејзино спроведување изнесува 60 милиони денари. Со оваа Програма се предвидуваат следните мерки:

-Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија, која ја спроведува Министерството за социјална политика. Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во периодот од октомври до март. Дополнително, корисниците имаат право на забрана за исклучување од мрежата во месеците декември, јануари и февруари, право на одложување/реструктуирање на неплатени долгови. Приоритет при поправки на мрежата и ослободување од трошоци за повторно приклучување.

-Намалување на сметките за струја за 1.000 ден./ месечно (12 месеци) за:

-Домаќинства со деца со попреченост, ако вкупниот месечен нето доход на домаќинството во 2024 година не го надминува следниот износ:

42.000 денари за домаќинство со два члена
60.000 денари за домаќинство со три члена
80.000 денари за домаќинство со четири или повеќе члена

Згрижувачки семејства – За нив, горната граница на месечен нето доход е зголемена од 80.000 до 160.000 денари, во зависност од бројот на згрижените деца, при што посебниот додаток за згрижување не се пресметува во оваа сума.

Програмата предвидува и важни рокови и обврзувања, односно поддршката ќе престане доколку корисникот не плати две последователни сметки, сите корисници се должни да ги плаќаат преостанатите износи на сметките навреме.

Министерството останува посветено на креирање политики кои обезбедуваат заштита за најранливите категории граѓани и подобрување на нивниот пристап до енергетските ресурси. Обезбедувањето пристап до енергија по прифатливи услови останува приоритет.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митревски: СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и знам дека се против носење на закон за бранителите

Следно

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop