Филмски продуцент пронајден мртов во парк во Рим: Го барале 2 месеци, оставил само една трага

March 26, 2024
1 min read

Филмскиот продуцент Филип Рогоски (56) е пронајден мртов.

Како што пренесува „Дејли мејл“, безживотното тело на продуцентот го пронашол случаен минувач во неделата во Рим, со пластична кеса крај лицето.

Полицијата повикала форензичари да го утврдат неговиот идентитет, бидејќи бил пронајден без документи.

Според првите информации на властите, смртта настапила пред неколку недели, пренесува „Ла Република“.

Два месеци ништо не се знаело за Филип, а полицијата го барала.

Рогоски последен пат го видела неговата сопруга Сара на 29 јануари кога го замолила да го фрли ѓубрето од нивниот стан во Рим.

Зад себе оставил само една трага. Една недела откако исчезна, неговите панталони беа пронајдени уредно поставени на улица.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ивермектинот веќе не е опасен

Следно

Какаото стана поскапо од бакарот, велигденските чоколадни јајца веќе поскапеа

Latest from Blog

МАСОВНО, за цело село…

Оглас од еден македонски огласник, каде една наш сограѓанин продава шанк од МАСОВНО ДРВО. Не масивно, туку масовно. Веројатно, за цело село, се сеќавате на урнебесното видео од „Иде Дунав“. Со среќа
Go toTop