Ивермектинот веќе не е опасен

1 min read

Бришењето е дел од вонсудската спогодба меѓу Агенцијата и тројца доктори од Тексас кои ја тужеа дека незаконски им се мешала во нивната медицинска пракса и советувала граѓани што да не користат.

Ќе се бришат и веб страници и постови на социјални медиуми.

Веќе е избришан дијалогот:

– Дали да земам ивермектин за да превенирам или третирам ковид-19?
– Не.

Ќе биде избришана и интернет страницата која носи наслов: „Зошто не треба да користите ивермектин за треман или превенција на ковид“.

Агенцијата долго време упорно настојуваше дека не постојат податоци за ефикасноста против ковид, иако и во тоа време постоеја релевантни студии кои сугерираа поинаку.

Кога беше најјака, среде пандемиското едноумие, Агенцијата и брутално го напаѓаше ивермектинот, вклучувајќи и пораки како што е:

„Не си коњ. Не си крава. Сериозно, престанете со тоа.“

Случајот кој се одолговлечи четири години е битен и затоа што е прв со кој се ограничува упадот на ФДА во односите меѓу лекарот и пациентот.

Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател – Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата“, пишавме во статијата „Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Малолетник прободен со остар предмет на скопски Бит Пазар

Следно

Филмски продуцент пронајден мртов во парк во Рим: Го барале 2 месеци, оставил само една трага

Latest from Blog